Руски патнички авион, што утринава полета на релација Шарм ел Шејк – Санкт Петерсбург, се урна во централниот дел на Синај, потврди Канцеларијата на египетскиот премиер.Руските воздухопловни власти соопштија дека во авионот има 224 патници и членови на екипажот, а радарскиот контакт е изгубен во воздушниот простор на Кипар.
Авион е Ербас А-321 на руската воздухопловна компанија „Когалимавија“.
Шефот на Управата за воздухопловни несреќи во Египет, Ајман ал Мукадам, претходно соопшти дека авионот исчезнал од радарите и дека нема контакт со контролата на летање.
Формиран е кризен одбор кој треба да ги утврди причините за несреќата.
Руските воздухопловни власти соопштија дека во авионот има 224 патници и членови на екипажот, а радарскиот контакт е изгубен во воздушниот простор