Трагедија: Татко убил две деца, тертото се бори за живот

Две деца се убиени, а третото е во критична состојба, најверојатно по семејната караница која се случила во местото Валикур-Селвињи во северна Франција.– Убиецот е најверојатно таткото. Децата се на возраст од два месеци до четири години – изјави Тјери Егај, шеф на полицијата.
Тој додаде дека сопругата и нејзината мајка се полесно повредени.
Според неговите зборови, мажот по убиството на децата се обидел да се убие, но е приведен.
Обвинителот од соседниот град Камбре, Реми Шварц изјави за АФП дека двемесечното бебе и четиригодишното дете починале, а двегодишната ќерка е во критична состојба.
Семејната драма се случила синоќа. Таткото, 30-годишен маж, најверојатно имал психички проблеми.– Убиецот е најверојатно таткото. Децата се на возраст од два месеци до четири години – изјави Тјери Егај, шеф на полицијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: