Петтмина загинале, а најмалку 50 луѓе се повредени во несреќата која се случила утрово на југот од Лондон кога трамвај излетал од шините и се превртел од засега неутврдени причини.Сообраќајната полиција соопштила дека го уапсила возачот. Пожарникари и спасувачки екипи успеале да ги извлечат од смачканиот трамвај повеќето патници, а повеќе од 50 веднаш се хоспитализирани.
Многумина се донесени со тешки повреди, а двајца патници уште се заробени во трамвајот.
“Бев во кревет и ги гледав изборите кога слушнав силен тресок. Потоа слушнав повици за помош, а потоа сирени од колата на итната помош како пристигаат на местото на несреќата.
Подоцна видов како луѓето ги носат на носилки. Немам поима како се случило тоа, само знам дека тоа е остра кривина и можно е трамвајот да излетал од шините поради неприлагодена брзина. Нешто пред несреќата врнеше дожд па можеби и тоа е причината“, изјавила мештанката Хана Колиер.
Премиерката Тереза Меј изразила сочуство до семејствата на загинатите и рекла дека владата во контакт со итни служби како би се осигурало се потребно и поврзано со несреќата.
Градоначалникот на Лондон Садик Ка вели дека неговите мисли се со пријателите и семејствата на загинатите, и со сите жртви на несреќата.
„Се трудиме состојбата да ја ставиме под контрола и да им понудиме одговарачки третман на повредените“, рекол Кан.Сообраќајната полиција соопштила дека го уапсила возачот. Пожарникари и спасувачки екипи успеале да ги извлечат од смачканиот трамвај повеќето патн