Трагедија: Тројца срби го загубија животот во сообраќајна несреќа

„Стигнавме во Дубровник. Многу сум среќна што ќе го видам син ми Владо. Не можам да опишам колку е радосен Марко што ќе се види со брат му“- ова е последната СМС порака што ја напишала Нада Какашич од Топола на својата сосетка, која во неделата трагично го загуби животот заедно со својот син Марко Игњатович (25) и неговата девојка Неда Попович (26) во страшна сообраќајна несреќа што се случил пред тунел на магистралниот пат Жабљак- Шавник. Со тешки телесни повреди се здобиле и сестрата на Нада, Билјана Јовович (41) и нејзиниот сопруг Зоран (44) кои патувале во колата, двајцата од Нови Сад.
Нада, нејзиниот син Марко и неговата девојка Неда, како и сестрата на Нада со својот сопруг заминале за Дубровник да го видат нејзиниот постар син Владо кој работел на брод и пристигнал во Хрватска.
Семејството на Неда во шок и неверување за загубата,говори како Марко и Неда биле пресреќни што заедно ќе одат да го посетат брат му на Марко. Тие се забавувале 3 години и многу се сакале.

-Што и да се случило, Марко и Неда нема да се вратат. Сигурно ќе бидат заедно и на небото- низ солзи кажуваат нивните пријатели.
Нада Какшич била докторка, специјалист по општа медицина и нејзините колеги кажуваат дека била одличен стручњак.

Несреќата се случила при директен судир на „пасат“ со никшичка регистрација управуван од Марко Чосович кој се наоѓа во кома и „фијат“ со новосадски таблички кој го управувал сопругот на сестрата на Нада.
 
 
 
 „Стигнавме во Дубровник. Многу сум среќна што ќе го видам син ми Владо. Н

Пронајдете не на следниве мрежи: