Ученик отвори оган во училиште во местото Спаркс во американската сојузна држава Невади, ранувајќи двајца свои соученици и убивајќи го професорот кој се обидел да ги заштити останатите деца, соопшти локалната полиција, дополнувајќи дека набрзо по инциднетот напаѓачот е пронајден мртов. Трагичниот настан се случил во просторија во која биле присутни меѓу 20 и 30 ученици, повеќето на возраст меѓу 12 и 13 години.
Засега се претпоставува дека напаѓачот извршил самоубиство, бидејќи властите тврдат дека полицијата не пукала, иако по инцидентот, во училиштето дошле околу 200 полицајци.
Убиениот е Мајкл Лендсбери, 45-годишен професор по математика.
„Мајкл беше воен ветеран, кој зад себе остави сопруга и две посвоени деца“, соошти неговата снаа Ченда Лендсбери, додавајќи дека не е изнанадена што тој се обидел да го запре напаѓачот и да ги заштити децата.
Полицијата соопшти дека еден од повредените ученици по укажаната помош е отпуштен од одделението за хирургија, како и дека и другиот е во добра здравствена состојба. Засега не се знае мотивот за нападот и не е соопштено името на напаѓачаот.
По инциднетот учениците биле евакуирани во блиската гимназија. Властите соопштија дека училиштето ќе остане затворено една недела.Трагичниот настан се случил во просторија во која биле присутни меѓу 20 и 30 ученици, повеќето на возраст меѓу 12 и 13 години.
Засега се пр