Трагедија во Кавадарци: Прегазено 11-годишно дете

Патнички автомобил марка „рено“ со скопски регистарски ознаки попладнево во Кавадарци удри во дете – пешак на возраст од 11 години, соопшти полицијата.Несреќата се случила околу 14:30 часот на улицата „Пионерска” во близина на основното училиште „Тоде Хаџи Тефов”.
– Денес околу 14:30 часот на улицата „Пионерска” во непосредна близина на ООУ „Тоде Хаџи Тефов” во Кавадарци се случи сообраќајна несреќа во која патнички автомобил „рено“ удри во дете-пешак на возраст од 11 години, информира портпаролот на СВР Велес Анита Стојковска.
Увид на местото на несреќата изврши екипа од Полициската станица Кавадарци.Несреќата се случила околу 14:30 часот на улицата „Пионерска” во близина на основното училиште „Тоде Хаџи Тефов”.
&

Пронајдете не на следниве мрежи: