Трагедија во САД: Трочлено семејство се угушило со јаглен-моноксид

Три члена на едно семејство со потекло од Босна смртно настрадале во незапамтена трагедија откако отвориле јаглен моноксид!Безживотните тела на пронајдени се во нивниот дом  во Фентон, во окригот Џеферсон во сојузната држава Мисури, потврдил шерифот. Официјално е потврдено дека загинале 64 –годишен маж, 55-годишна жена и 41-годишен маж,  а се претпоставува дека станува збор за труење со јаглен моноксид.
Шерифот додал дека постои голема веројатност дека телета можеби лежеле мртви цел ден пред да бидат алармирани надлежните .
Во тек е истрага, а засега се упатува на тоа дека отровниот гас дошол од автомобилот во гаражата.
Кога полицајците пристигнале имале што да видат. Куќата била исполнета со гасот, а моторот од автомобилот, во гаражата која е поврзана со куќата, се уште работел. Не се знае колку долго.
Случајот го открил медицински работник кој дошол да го провери 41- годишниот маж кој неодамна имал операција. Соседите велат дека настраданите луѓе секогаш биле пријатни, иако со нив немале блиски контакти.
Безживотните тела на пронајдени се во нивниот дом  во Фентон, во окригот Џеферсон во сојузната држава Мисури, потврдил шерифот. Официјално е п

Пронајдете не на следниве мрежи: