Петгодишно девојче загина во сообраќајна несреќа која попладнево се случи на патот Градско-Прилеп пред тунелите кај Дреновската клисура, потврди Итната медицинска помош во Кавадарци.– Станува збор за неготинска фамилија, татко со девојче и баба и дедо кои оделе кон Ресен. Најверојатно, поради влажниот коловоз возилото марка „Форд фиеста” излетало од патот. Девојчето починало на лице место, а таткото и бабата завршиле во кавадаречката болница. Дедото е исто така повреден и не е во животна опасност. Најверојатно има скршеница, во шок е и одбива помош, информираа од Брзата помош.
Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес, информира дека според првичните информации околу 15:15 часот на патот Градско-Прилеп, кај ресторанот „Ловец“ од засега непознати причини се превртел автомобил и оти во сообраќајната несреќа починало едно лице, а три се повредени.
– Засега не може да се кажат повеќе детали, увидот на лице место трае, изјави Стојковска.– Станува збор за неготинска фамилија, татко со девојче и баба и дедо кои оделе кон Ресен. Најверојатно, поради влажниот коловоз возилото мар