ТРАГЕДИЈА ВО УЧИЛИШЕН ДВОР: Го убил пријателот само затоа што…

Во дворот на основното училиште „Кнез Иво од Семберије“ вчера е убиено момчето Станко Глигоревиќ (15), а во него од огнено оружје пукал малолетникот М. И.(17).Телото на мртвото момче најдено е вчера  по 13 часот на клупа во училишниот двор, а убиецот е уапсен неколку часа покасно. Кај него  е најден пиштолот со кој е сторено убиството, потврдил заменикот на окружниот обвинител Милорад Дебељевиќ. Како што е познато од неофицијални извори, малолетникот на надлежните го предал неговиот татко.
„Лицето кое пукало во малолетникот заминал од местото, но подоцна е најдено и идентификувано. Се работи  за ученик во втора година средно училиште“, рекол Дебељевиќ.
Тој додал дека телото на убиеното момче  било префрлено во медицински центар, каде ќе биде  извршена обдукција и утврдена точната причина за смртта.
Според неофицијални извори, убиеното момче е полуматурант во основното училиште „Свети Сава“. Другите ученици, кои се  многу погодени од оваа трагедија, Станко Глигоревиќ од претходно го познавал убиецот  и често се дружеле. Пред училиштето, во чиј двор се случило убиството, вчера биле собрани ученици и мештани, но за мотивот за убиството  никој не сакал јавно да каже.
„Децата зборуваат дека наводно и двајцата биле вљубени во иста девојка“, рекол еден од мештаните.
Полицијата во Бјелина потврдила дека 15 годишниот малолетник бил убиен од страна на 17- годишниот М. И., но за мотивите се уште не се знае ништо.
Малолетниот убиец го пронашол во домот пиштолот кој е во сопствеост на пријател на негоиот татко  кој заминал во странство, а пиштолот не е предаден на чување во рок од 60 дена како што налага законот. Очевидци на убиството нема, но откако бил испукан истрелот во училишниот двор се наоѓале три  деца од десетина години. Тие виделе маж со покрупна градба како бегајќи го претрчал училишниот двор.
Непознат маж пријавил дека го пронашол телто  на клупа помеѓу училиштето и детската градинка.Телото на мртвото момче најдено е вчера  по 13 часот на клупа во училишниот двор, а убиецот е уапсен неколку часа покасно. Кај него  е на

Пронајдете не на следниве мрежи: