Една жена го загуби животот, а три лица се повредени во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила на крстосницата од магистралниот пат Штип-Кочани со ул. „Брегалничка“.Во несреќата учествувале „Опел Тигра“ со штипски регистарски ознаки управувана од Ј.К. (40) од с.Теранци, и џип „Чироки“ со бугарска национална ознака, управувано од И.К. (51) од Пехчево.
-Во незгодата со тешки повреди се здобила С.К. (65) од с.Теранци, сопатничката од „Опелот“, која била пренесена во Клиничка болница Штип каде починала. Возачот на „Опелот“ се здобил со тешки повреди и е задржан на лекување во Клиничката болница Штип. Возачот на џипот „Чироки“ и сопатничката Р.К. (44) од Пехчево се здобиле со телесни повреди и по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Штип, информираат од полицијата.
Во периодот од 18.30 до 20.00 часот сообраќајот се одвивал наизменично по една коловозна лента.Во несреќата учествувале „Опел Тигра“ со штипски регистарски ознаки управувана од Ј.К. (40) од с.Теранци, и џип „Чироки“ со