ТРАГЕДИЈА:Си го заклал пријателот зошто не му давал ракија!

Свирепо убиство се случило во куќата на 72 –годишната Марија Чарановиќ во Грабовци, кога Борислав Стевиќ бил заклан од страна на неговиот пријател Лазаринкиќ, бидејќи го терал да вечера…Полицијата го уапсила убиецот Јовица Лазаринкиќ и засега му е одреден 48-часовен притвор.
Мештаните, за српски Блиц, велат дека Лазаринкиќ често доаѓаал на гости кај Стевиќ, се дружеле и заедно пиеле. Стевиќ во кобната вечер одбил да му даде алкохол, велејќи му дека прво треба нешто да јаде и упорно му нудел вечера.
– Ракија ќе ти дадам подоцна откако ќе јадеш, му рекол Стевиќ на пријателот.
Како што пренесува „Блиц“ Лазаринкиќ одбивал да јаде и почнал да се расправа со Стевиќ, по што караницата прераснала во тепачка.

Лазаринкиќ го земал ножот кој бил на масата и го избодел својот пријател во градите, по што му го пресекол и вратот.
– Сликата од крвавиот Борислав сеуште ми е пред очи, неможам да се вратам на себе. Бев во куќата кога ја слушнав караницата и како Борсилав го моли Лазаринкиќ да не го заколе. Мој Борислав лежеше на земјата а околу него имаше многу крв, но тој молеше за помош, изјавила невенчаната сопруга на Борсислав, Марија Чарановиќ.
По убиството, таа во шок истрачала на улицата и почнала да бара помош, откако соседите ја слушнале  повикале итна помош.
– Беше само прашање на време кога Лазаринкиќ ќе убие некого, беше алкохоличар иако неговите пријатели сакаа да му помогнат. Двапати се обиде да се убие, па беше испратен на лекување и рехабилитација, рекол еден од жителите за српски Блиц.
Мештаните исто така потврдиле дека Јовица секојденвно бил пијан.
 Полицијата го уапсила убиецот Јовица Лазаринкиќ и засега му е одреден 48-часовен притвор.
Мештаните, за српски Блиц, велат дека Лазаринкиќ

Пронајдете не на следниве мрежи: