ТРАГЕДИЈАТА ГО ЗАВИ СЕМЕЈСТВОТО ВО ЦРНО: После сè што се случи, мајката и таткото на возачот на BMW-то…

– За нашето семејство повеќе нема нормален живот. Да можеме би ги дале своите животи само да ги вратиме Немања, Милош и Анастасија. Тие не се туѓи, тие се и наши деца. Нема зборови со кои можеме да ја опишеме нашата болка за изгубената младина. Овие зборови стојат во исповедта на Божана и Срѓан Јовановиќ, родители на Душан (19), момчето осомничено дека возејќи го BMW-то со неприлагодена брзина, под дејство на алкохол и без возачка дозвола, предизвика тешка сообраќајна несреќа на Ада Хуја, во која во саботата утрото погинаа Милош Јанковиќ (20), Немања Антиќ (18) и Анастасија Стајиќ (16).
Родителите на Душан се во шок, како поради трагедијата која се случи, така и поради како што велат лошата психичка состојба на своето дете, велат дека се свесни дека Душан мора и треба да ја сноси одговорноста за тоа што се случи.
– Не знам како да живееме со ова, ние немаме веќе семејство, можеме само да се убиеме. Повеќе ништо не не интересира, нашите животи заминаа со настраданите деца, вели Срѓан.
Мајката на Душан е нема од болка. Во црнило, црна и во лицето. На прашањето зошто упорно носи црнина кога нејзиниот син не настрада во несреќата, низ солзи вели дека црно носи за настраданите деца.
– Ги сметам за свои. Немања беше најдобар другар на Душан, а Анастасија негова девојка. За Милош да не зборувам. Тие деца се дружеа од мали, често беа кај нас дома, заедно јадеа, пиеја, делеа тајни…Како да не ги жалам? Како да не ги разберам и да ја поделам болката со нивните мајки?

 

Родителите на Душан кои инсистирале нивните фотографии да не се објавуваат во медиумите, велат дека за тоа што е обвинет, ни во еден момент не сакаат да ја оправдаат постапката на своето дете. Додаваат дека тој се направил за да ги спаси од ладниот Дунав.
– Свесни сме дека Душан сето ова не го направил намерно, дека таа ноќ сите они малку се поднапиле и добро се забавувале. Па, како што слушнавме пееле во автомобилот се до моментот на несреќата – вели Срѓан. Кога му бевме во посета ни рече дека направил се за да ги спаси пријателите. Успеал да ги извлече девојката Милица и другарот Лука од автомобилот, но не и останатите. Вели дека направил се’ за да го спаси Немања кој бил на задното седиште во возилото кој е ватерполист и е најкрупен…Не успеал…
Пријави
За големиот број прекршочни пријави, дури 17 како што е потврдено од полицијата, кои постојат против Душан, пред се’ поради сообраќајни прекршоци, неговите родители велат дека не знаат ништо за тоа.
– Душан никогаш не одговарал кривично ни прекршочно – тврди Божана Јовановиќ. – Исто така на нашата адреса никогаш не стигнала ниту една пријава. Никогаш никој од соседите, оријателите или други родители не се пожалиле на нашиот син. Беше дете, дете и момче како и останатите. Има доблести и мани. Никогаш без да знаеме не земал да го вози автомобилот од дома.
Пријателите се простија од Анастасија: Синот на Цеца го носеше крстотОвие зборови стојат во исповедта на Божана и Срѓан Јовановиќ, родители на Душан (19), момчето осомничено дека возејќи го BMW-то со неприлагодена бр

Пронајдете не на следниве мрежи: