Само 50 метри го делеле исчезнатиот син Сашо Мицевски, за кој најблиските и полицијата се кренаа на нозе, од вистинската патека на која ќе го најдел спасот.Имено, 50-годишниот маж беше пронајден мртов на падините на Бистра, откако претходно беше пронајден и неговиот татко во фаза на распаѓање.
Како што пренесува Дневник, армиските тигри и ренџери во петокот го најдоа телото и на Сашо, кој заедно со татка си беше исчезнат повеќе од десетина дена. телото беш најдено на 300 метри од местото каде беше пронајден неговиот татко.
Телото е однесено на обдукција која треба да ги даде сите одговори.
Двајцата исчезнаа на 14 јули, а по нив трагаа специјалци, полицијата, ренџери, тигри, кучиња и најблиските пријатели и роднини.Имено, 50-годишниот маж беше пронајден мртов на падините на Бистра, откако претходно беше пронајден и неговиот татко во фаза на распаѓање.