Партнерот на една Британка, која починала откако отпатувала во Индија за да го запознае, вели дека е во шок. Анџела Слин (45), одлетала во Индија за да го запознае 30-годишниот Јаспал Синг, во кој се заљубила на Фејсбук.Меѓутоа, Анџела, медицинска сестра, починала во неделата, откако била однесена во болница со воспаление на белите дробови, само десетина дена откако дошла во Индија.
Јаспал вели дека морал да им се јави на нејзините деца за да им каже дека нивната мајка починала.
„Сѐ уште не можам да поверувам дека почина. Беше здрава, сѐ уште сум во шок“, рекој тој.
Минатата година, во мај, тие започнале да комуницираат преку Фејсбук. Уште повеќе се зближиле кога почнале да зборуваат преку Скајп. Таа уште минатата година сакала да отиде во Индија, но Јаспал ѝ рекол дека е премногу ладно и да причека уште малку.
„Таа само ми јави дека доаѓа во мај. Бев многу возбуден што ќе ја видам. Беше многу убава. Бев среќен што конечно ја запознав, но не се гушнавме, ниту бакнавме – ниту нешто слично“.
Тој ја водел во разгледување на културните знаменитости, а времето го поминале и со неговите родители.
„Беше многу драга личност. Многу приземна, пристојна и продуховена.
Но, седум дена откако пристигнала во Индија, добила грозница и почнала да кашла. Два дена подоцна, состојбата ѝ се влошила и била примена во болница, кадешто починала наредниот ден поради затајување на органите.
„Не можев да поверувам кога ми рекоа дека почина“, рекол Јаспел, кој планирал да ја запроси.
„Не можев да поверувам дека ја нема. И мајка ми беше во болницата, почна да плаче. Се грижеше за неа цело време. Анџела стана член на нашето семејство. Нејзината смрт е голема загуба за нас. Чувствувам дека умре поради временските прилики. Да не дојдеше да ме види, сѐ уште ќе беше жива. Не можам да поверувам дека е мртва. Ова е тежок период за мене“, изјавил Јаспел.Меѓутоа, Анџела, медицинска сестра, починала во неделата, откако била однесена во болница со воспаление на белите дробови, само десетина дена откак



