Манда бил реанимиран од страна на итната помош подолго од еден час, но за жал, неговиот организам не успеал да се избори, пренесе „Курир.рс“.Познатиот актер Милорад Мандиќ Манда, кој кај балканската публика е познат по бројните улоги во поголем број филмови, меѓу кои и во „Убавите села, убаво горат“ (Лепа села, лепо горе) и „Ивкова Слава“ денес паднал на сцената за време на изведба на претстава.
За време на предпремиерата на претставата „Петар Пан“ во театарот „Вук Караџиќ“, Мандиќ кој ја толкувал улогата на капетан Кука се срушил на сцената.
Публиката прво мислела дека се работи за дел од актерската игра, но потоа се спуштила завесата, а луѓето биле замолени да излезат од театарот.
Милорад Мандиќ Манда е роден во Белград на 3-ти мај 1961-та година. На 21 година станал член на белградското аматерско Експериментално драмско студио.
Шест години подоцна дипломирал актерска игра на факултетот за Драмски уметности во класата на професорот Владимир Јевтовиќ.
По дипломирањето станал член на белградскиот детски театар „Бошко буха“.
Познатиот актер Милорад Мандиќ Манда, кој кај балканската публика е познат по бројните улоги во поголем број филмови, меѓу кои и во „Убавите