Трагичен крај на Томислав Салопек!

Томислав Салопек, хрватскиот државјанин кого екстремистите на Исламска држава го киднапираа во Египет, погубен е на непозната локација, пренесоа хрватските медиуми.Француски АФП, на својот Твитер профил ја објави шокантната информација, повикувајќи се на веста од интернет страницата „САЈТ Интел Груп“. Информацијата за хрватски „Јутарњи лист“ ја потврди извор од египетски „Алијом Ал Сабе“.
На социјалните мрежи почна да кружи и фотографија со вознемирувачка содржина, на која, како што тврдат исламистите, се наоѓа мртвото тело на Салопек. На фотографијата се наоѓа и натпис со вознемирувачка содржина, во кој Хрватска се обвинува за учество во борбата против Исламската држава.
Автентичноста на фотографијата не е потврдена, а засега нема ниту официјална потврда за погубувањето.
Терористите и претходно се заканија дека ќе го убијат Салопек, доколку египетските власти не ги ослободат муслиманските затворенички од сродната екстремистичка организација Покраина Синај.
Француски АФП, на својот Твитер профил ја објави шокантната информација, повикувајќи се на веста од интернет страницата „САЈТ Интел Груп&ldqu

Пронајдете не на следниве мрежи: