Како ова љубезно младо момче се претвори во еден од најбараните терористи на светот? Исповед на мајката на младиот маж, кој обезглави 27 заложници, за тоа како ги изгуби двата „совршени“ синови кои завршија во ИСИС.„Ел Шафи Елшеик беше мал кога таткото ги напушти. Израсна во западен Лондон, играјќи си со делови од велосипед и стари компјутери. Елшеик порасна во гневен младич. Кога му ги тргнав слушалките од уши за да видам што слуша, се запрепастив кога слушнав дека тоа се зборови на озлогласениот активист на Ал Каеда, Хани ал-Сибаи. Елшеик веќе беше машински инженер и заработуваше поправајќи автомобили. Беше тивок и повлечен, но тој ден сфатив дека го губам заради идеологијата што тој не ја разбира.“
Пет години подцна, Маха Елгизули се уште се прашува како го изгуби своето малечко во рацете на најбараните терористи на светот. Елшеик е официјално потврден терорист на погубната единица на ИСИС. Тој е четвртиот и последен член на групата на познатиот терорист „Џихадистот Џон“.
„Во 2012 година, тој прејде во радикалниот ислам со брзината на светлината. Наскоро по него, и неговиот брат тинејџер му се придружи, а лани слушнав дека борејќи се за ИСИС во ирак помалиот син загинал. Моите деца беа совршени, и еден ден ненадејно се случи ова“.
Неверувањето на Елгизули за ненадејната трансформација на синовите направи во приказната да се препознаат стотици семејства низ Велика Британија што ги изгубија своите деца на ист начин. Над 800 британски граѓани отпатуваа во Сирија и Ирак во одбрана на џихадот. Соучениците го паметат Мухамед Емвази како „фино момче“ што сакало фудбал, пред тој да се пронајде во екстремниот ислам и да стане Џихадистот Џон. Се поставува прашањето: Што е тоа што прави овие културни млади момчиња подлоќни на идеологија што набргу ги претвора во безмилосни убијци?
Четворицата „Битлси“ на ИСИС, чиј член е Елшеик
Родителите на Елшеик живееле во Вајт Сити откако избегале од граѓанската војна во 1993 год. во Судан. Тие се декларирале како комунисти и либерални Муслимани, а пријателите ги опишуваат како „прогресивни“. Таткото ги напуштил жената и трите деца, кои тешко го прифатиле тоа. „Не беше лесно, но работев за да им пружам се што им е потребно. Сакав да не се срамат кога ќе им дојдат пријателите на гости“, вели таа.
Во 2008 год., Елшеик имал 19 години. Се степал на училиште и добил неколку убоди од нож. Најстариот син, Калид, го пронашол напаѓачот, се степале и му одгризале дел од увото. Оваа тепачка е почеток на серија нереди меѓу бандите во западен Лондон, што кулминира кога Калид е осуден на 10 години затвор заради поседување оружје, со кое неговиот другар го убил момчето што му го одгризало увото.
Калид со одгризано уво
„На 21 година, Елшеик се ожени со љубовта од средно училиште, девојка од Етиопија што ја запозна во Канада додека беше во посета на тетката што живееше во близина на Торонот. Беше прекрасна врска. Мислев дека ќе остарат заедно. Но, заради имиграциската политика на Велика Британија, не и беше дозволен престој во Велика Британија. Лут на системот, почна да ги слуша другарите што му ја полнеа главата со радикален ислам. Тој наскоро стана пријател со момче кое го слушнав како му проповеда радикални идеологии во мојот дом. Отидов кај него и му реков: Никогаш повеќе не доаѓај во мојот дом за да зборуваш за џихад. Јас ги учам моите деца за религијата, а не ти. Момчето се извини, но само по неколку дена дознав дека мојот син слуша радикални проповедања на ЦД плеер преку слушалки. Човекот што проповеда на ЦД-то е озлогласениот Хани ал-Сибаи, кој ги опиша бомбардирањата во Лондон како „голема победа“. Го прашав Шафи: Дали сакаш да бидеш мртов муслиман? Тој ми одговори: Не, мамо, само ме замоли да го слушнам ова. Но, наскоро тој почна да ги слуша неговите проповедања во околните џамии. И баш така, стана радикал за миг и се придружи на ИСИС за многу краток период“.
„Почна да се облекува во долги црни алишта, пушти брада, и делеше вознемирувачка радикална литература пред маркетот во улицата. Почнав да мислам дека се дрогира, бидејќи делеше и некаков чуден парфем. За едно нешто сум сигурна: Шафи е паметно момче. Никој никогаш го немаше излажано. Еден ден дојде кај мене и ми рече: Алах вели дека и мајката може да ти биде непријател. Се повлеков. Знаев дека му го испрале мозокот“.
„Еден од последните разговори што ги имавме беше кога го видов како плаче. Го прашав што му е, и рече дека плаче за другарот што му загинал во војната во Сирија.“
„Наскоро Шафи замина, а јас почнав да ги забележувам знаците на рана радикализација и кај помалиот син, тинејџерот Махмуд. Направив се што можам да го спречам: го однесов кај роднинтие во Судан, но по некое време тој ми рече: Морам да одам, морам да му служам на џихадот. Му го земав пасошот, но тој извади нов со изговорот дека го изгубил и си замина.“
Таа сега живее сама. Најстариот син е во затвор, најмалиот мртов, а средното дете е еден од најбараните луѓе на светот. Се обидува да го поминува времето со соседките, за да не дозволи депресијата да ја разори.
И покрај се, Елшеик остана во контакт со мајката. Има втора жена, од Сирија, која му роди ќерка и ја крстија Маха, по мајка му. Таа ја гледа сликата од девојчето на својот смартфон со гордост.
„Се надевам дека ќе се предомисли. Се прашувам колку момчиња избегале до сега….Се надевам дека Шафи ќе биде еден од нив“, вели таа.
„Тоа момче не е мој син. Тоа не е синот што јас го одгледав и воспитав.“„Ел Шафи Елшеик беше мал кога таткото ги напушти. Израсна во западен Лондон, играјќи си со делови од велосипед и стари компјутери. Елшеик пор