ТРАГИЧНА ПРИКАЗНА: Момче израснало со волци, а било убиено од човечка рака!

Ретко кој би ја знаел приказната за малиот Харис кој во осумдесетите години бил пронајден на тромеѓата помеѓу Босна, Црна Гора и Србија, кој се криел во шумата помеѓу волците. Неговиот страв од босанските ловџии и неговата несекојдневна судбина, не би биле дознаени доколку Вук Ршумовиќ не го снимил филмот „Ничие дете“.Харис загинал во војната при распадот на Југославија, кога имал 17 или 18 години.
„Беше крупен, со руса коса, сини очи и со многу долги раце. Беше неуреден. Социјалните работници го донесоа во 1988 година и ни рекоа дека некои ловци го нашле на тромеѓето помеѓу Босна, Србија и Црна Гора во дувло на волци. Не знаевме колку години има, но имаше некаде помеѓу 10-12, се сеќава Драган Роловиќ, директор на Заводот за воспитување деца и млади во Белград.
Таму биле носени деца од цела Југославија, од кои некои останувале и по 10 години.
„Воопшто не зборуваше. Испушташе звуци како 'ржење или шушкање. Со оглед на тоа што брзо напредуваше и брзо научи да зборува, заклучивме дека во раното детство бил во контакт со луѓе. Сепак, тој не беше жртва на задевања, дури помалку и ругите деца се плашеа од него иако не беше најсилен. Подоцна го засакаа и го почитуваа“, раскажува Роловиќ.

Малиот Пуцке, како што го викале другите деца од домот, морал да научи сѐ од почеток. Му покажувале како мести кревет, како да се однесува со воспитувачите и да ги почитува домските правила. Тој малку се движел, а често знаел да седне или да чучне во дворот на домот и да гледа наоколу. Кога јадел со двете раце ја штител чинијата, а децата понекогаш го забележувале како бара коски по ѓубрето зад домот.
„Се случуваше да падне само од одење, па мислевме дека има проблеми со центарот за рамнотежа и го пративме на лекар. Но, докторката утврди дека стои сосема нормално. Потоа дознавме дека не знае да оди во чевли“, се сеќава воспитувачот.
Сепак овaa приказна нема убав крај. Кога почнале војните при распадот на СФРЈ, југословенските републики почнале да ги повлекуваат своите деца во армиите. Разделбата со другарите била тешка и момчињата плачеле од тага.
Сѐ уште не е познато на чија страна Харис се борел.
Погледнете го видеото од премиерата на „Ничие дете“, на Филмскиот фестивал во Венеција:
Харис загинал во војната при распадот на Југославија, кога имал 17 или 18 години.
„Беше крупен, со руса коса, сини очи и со многу дол

Пронајдете не на следниве мрежи: