„Мојот Лука, тврдат лекарите дека имал излив на крв во мозокот, поради што загубил свест и потонал“, открила мајката на 13-годишното момче кое што се удави на хрватскиот остров Брач.„Тој се роди на островот, плива од својата втора година – во Дунав, во океаните, морињата. Тој беше активен спортист, цело време беше на кошот, возеше велосипед. Секој месец имаше редовни прегледи. Зошто тој? Не можам да верувам дека повеќе го нема“, откри неговата мајка Јелена за „Вечерње новости“.
13-годишниот Лука, инаку е син на познат аргентински одбојкар со српско потекло. Првиот ден на островот Брач, откако со другарите возел кајак, заминал да нурка. Набрзо еден од туристите го забележал неговото тело во водата. За кратко време пристигнала итна помош, но не можеле да го спасат.
„Ние бевме на детската плажа. Седевме, гледавме во малите деца. Лука со своите другари отиде на кајак. Ми кажа баш како и секогаш. Инаку тој сам оди на училиште“, раскажува неговата мајка.
Малиот Лука се занимавал со спорт целиот свој живот исто како и својот татко, одбојкарот Маркос Милинковиќ. Силен, енергичен, полн со живот… таков бил Лука кој што бил и член на одбојкарскиот клуб Војводина.
Маркос Милинковиќ живеел во Аргентина и веднаш пристигнал во Хрватска откако му кажале за трагедијата. Милинковиќ е најголема одбојкарска легенда на Аргентина. Се оженил со неговата сопруга од Нови Сад со која што го добил синот Лука.
Милинковиќ е роден во Аргентина 1971-ва година и настапуваше за аргентинската репрезентација од 1999-та до 2007-ма година. Во кариерата настапувал за бројни големи одбојкарски клубови, шест пати бил прогласен за најдобар одбојкар на Аргентина и настапувал на Олимписките игри во 1996-та, 2000-та и 2004-та година.
„Тој се роди на островот, плива од својата втора година – во Дунав, во океаните, морињата. Тој беше активен спортист, цело време беше на кошо