Скопската обиколница се проектираше во времето кога СДСМ беше на власт. Кога се прави одреден проект се предвидуваат сите ризици, вклучувајќи ги и елементарните непогоди. Исто така, власта на СДСМ распиша тендер и почна со градба на обиколницата, истакнува градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски.-Затоа сметам дека одговорноста не е на ВМРО-ДПМНЕ, како локална и државна власт, за пропустите доколку ги има, што дополнително претпоставувам ќе биде тема на дискусии на многу стручни луѓе од соодветната област, рече тој.
Градоначалникот даде и коментар на барањето на СДСМ за негова оставка.
-Луѓето кои ја бараат мојата оставка, практично, го украдоа градот Скопје. Кога ќе кажам “украден“ за градот Скопје, зборувам за тогашната централна власт на СДСМ која што од градот Скопје ги одзема градските аптеки и ги направи државни. Само со градските аптеки во Љубљана годишно добива 25 милиони евра. Ги прашувам, каде се сега градските аптеки? Кој е виновен? Во време на СДСМ се продаде ГТЦ кој што го градеше Град Скопје. Исто така од градот Скопје се одзема Топлификација. Тоа ЈП исто така се приватизира…. Се приватизираа и градските гробишта, беа приватизирани и градските пазари. Градот Скопје е единствен во Македонија кој нема градски пазари, рече Трајановски.
-Се бара моја оставка зошто штабот за заштита и спасување не бил активен и не бил доволно спремен… Треба да знаете дека оваа администрација и овие јавни претпријатија макотрпно работат да бидат што постабилни и што повеќе да задржат работа. Затоа ние во оваа поплава веднаш излеговме на терен со сите ЈП прво во критичните точки. Оваа поплава не дојде од Стајковци, дојде од Водно. Беа поплавени Центар, Кисела Вода, Тафталиџе, Сарај, Ѓорче… Полека водениот облак одеше накај Стајковци. Тоа беше природен феномен, рече градоначалникот на Скопје.
Тој истакна дека бараат оставка од него оние кои кога беа на власт не направија ништо за Скопје.-Затоа сметам дека одговорноста не е на ВМРО-ДПМНЕ, како локална и државна власт, за пропустите доколку ги има, што дополнително претпоставувам ќе