-Се собравме тука пред Основниот суд да го искажеме својот револт кон СЈО коешто сметаме дека има селективен пристап во обработка на предметите и начинот на којшто работи не е во ред бидејќи СЈО наместо да покренува обвиненија врз основа на докази, јавно ги осудува и пресудува луѓето само од една политичка партија, ВМРО-ДПМНЕ, изјави Коце Трајановски на собирот пред Основниот суд.-Сметаме дека ова не е добар начин, туку напротив, секој оној којшто се огрешил од правдата и има направено криминал, треба да одговара во една редовна судска постапка. Треба да се остават судовите да си ја завршат својата работа. Второ, СДСМ гледајќи покрај СЈО коешто практично работи за СДСМ сега прават притисоци врз Основниот, Апелациониот и Врховниот суд да ги донесат оние одлуки коишто нив им одговараат. Ние сме тука да му дадеме поддршка на градоначалникот на Битола, Владо Талевски, бидејќи сметаме дека е успешен градоначалник којшто три мандати по ред битолчани го бираат за градоначалник, има многу направено за општина Битола и бараме по редовна судска постапка да си ја докаже својата невиност. Од другата страна имаме луѓе кои кажаа дека не го признаваат судството, луѓе кои се од другата политичка партија којашто ја создадоа оваа криза којашто е повеќе од година дена во Република Македонија, за нив СЈО не бара никакви притвори, туку ги остава во редовни судски постапки да си ја докажат својата невиност, рече Трајановски.
Тој нагласи дека исто така, ако се погледне случајот на Талевски, ќе видиме дека во Република Македонија има и од другите политички партии кои за превозот неколку пати поскапо плаќале отколку што плаќала Битола.
-И затоа не треба да се има селективен пристап. Република Македонија си има институции и треба да функционираат, судови со свој легитимитет. Да оставиме тие во една редовна судска постапка да докажат дали некој е виновен или не е виновен. Вака со вршење на притисоци сметаме дека се продлабочува кризата во Република Македонија. Од ден на ден Република Македонија се повеќе запаѓа во една тешка криза која ќе има далекусежни последици доколку се продолжи да се решава на овој начин. Ако некој сака да дојде на власт, нека си дојде на редовни и фер избори. Ама да дојде што побрзо, да не бара начин како да ги одложи изборите. Од една страна сакаме избори утре, па од друга страна дај Боже да не дојде до тие избори. Вака, на овој начин, сметаме дека трпи Република Македонија. Затоа сме дојдени тука, уште еднаш да повторам, да му дадеме поддршка на градоначалникот на Битола Владимир Талевски, затоа што тука се присутни околу 70% од градоначалниците на Република Македонија, коишто покажаа како се гради Република Македонија. Нема општина каде што нема интензивна изградба. Нашето мото е само со проекти, само со градба и подобрување на условите за живеење на граѓаните на Република Македонија, само така ќе ја добиете нивната доверба, рече Трајановски.-Сметаме дека ова не е добар начин, туку напротив, секој оној којшто се огрешил од правдата и има направено криминал, треба да одговара во едн