Трајановски вети нов модерен булевар кој ќе биде од голема важност за жителите на Бутел, Чаир и Гази Баба

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски денеска изјави дека инфаструктурата е многу важен фактор во функционирањето на градовите, па затоа во неговата изборна програма предвидени се голем број проекти за изградба на улици и патишта во Град Скопје.-Еден од тие проекти е токму овој, т.е. втората фаза од булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“ почнувајќи од „Натанаил Кучевишки“ до Заобиколница. Веќе е изграден првиот дел, кој што е од булеварот „Босна и Херцеговина“ до „Натанаил Кучевишки“ и на тој начин ќе се спои, ќе има влез и излез на Заобиколницата. Со изградбата на овој булевар ќе се овозможи на жителите на општина Бутел, на општина Чаир, на општина Гази Баба и на соседните општини да имаат побрз и поефикасен влез и излез на Заобиколницата, истакна Трајановски.
Посочи дека ќе се растерети сообраќајот на улицата „Бутелска“ од возилата кои што доаѓаат од Радишани, село Љубанци, Љуботенски пат, Чучерсандево. Појасни дека гужвата во утринските часови која се прави од возилата кои доаѓаат оттаму е огромна и неподнослива.
-Со пробивањето на овој булевар ќе се овозможи и развој на општината Бутел, со оглед на тоа што од левата и од десната страна има празно земјиште т.е. градежно, неизградено земјиште, на кое што со деталните урбанистички планови е планирана изградба на објекти кои што ќе значат развој за општина Бутел. Со пробивањето на овој булевар, практично нов булевар, ќе се подобри и безбедноста на сообраќајот во овој дел на Градот Скопје. Исто така, што е многу важно ќе се подобри и екологијата, т.е. ќе се подобри амбиенталниот воздух во овој дел на Градот Скопје со оглед на тоа што ќе имаме многу побрз, поефикасен сообраќај и ќе нема закочување и сообраќаен метеж, вели Трајановски.
Потенцираше дека за втората фаза на булеварот предвидени се околу 3 милиони евра.
Кандидатот за градоначалник на општина Бутел, Дарко Костовски пак, му се заблагодари на Трајановски, но и на Град Скопје за реализација на овој капитален проект.
– Од овој проект ќе видат навистина бенефит граѓаните на општина Бутел бидејќи ќе има растеретување на метежот, како што спомена градоначалникот, особено во утринските часови, истакна Костовски.
 -Еден од тие проекти е токму овој, т.е. втората фаза од булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“ почнувајќи од „Натанаил К

Пронајдете не на следниве мрежи: