Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски ипретседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, денеска го посетија Пунктот и Прифатилиштето за бездомни лица, лоциран во Момин Поток и им поделија хигиенски пакети, пакети со прехранбени производи и гумени чизми. – Градот Скопје во соработка со Црвениот крст на Град Скопје, континуирано го помага работењето на овој центар, а во 2011 година го отвори Прифатилиште за згрижување и привремено прифаќање на лицата бездомници кое овозможува засолниште, дневен престој со оброк, здравствена заштита, услови за одржување хигиена и други психосоцијални услуги.Бездомниците во овој центар добиваат хигиенски услуги, чисти алишта, берберски услуги, лекарски преглед и неопходни лекарства, разговор и совети од психолог и топол оброк. Градот Скопје за набавка на сместувачки капацитети во 2011 година издвои 1. 400. 000,00 денари и со отворањето на Прифатилиштето, капацитетите на постојниот Пункт на Црвен крст се зголемија за 60 квадратни метри. Просторот е опремен сo 16 кревети, тоалети, кабина за туширање, чајна кујна и други неопходни средства за функционирање на Пунктот со што може да одговори на потребите на овие лица. Сега имаме нов проект од Црвен крст за проширување на капацитетот за сместување на бездомни лица, односно за уште еден контејнер со 16 легла и повеќе туш кабинии јас на следната седница на Советот на Град Скопје ќе предложам средставата во износ од 2. 000. 000,00 денари кои беа предвидени за Новогодишната прослава во градот да ги намениме за проширување на капацитетот за сместување на бездомни лица во пунктот во Момин Поток – истакна градоначалникот Трајановски.
Пунктот за бездомници на Црвен крст на град Скопје е отворен во 2008 година, и во текот на работната недела работи во понеделниците кога бездомниците добиваат хигиенски услуги и секој петок кога добиваат и чисти алишта, лекарски преглед и неопходни лекарства, разговор и совети од психолог, оброк и топол напиток. Транспортот на корисниците на услуги на пунктот го обезбедува Црвениот крст и тоа од неколку локации во градот и по добиените услуги, бездомниците повторно се враќаат на истата локација.
Прифатилиштето ги нуди своите услуги и во ситуации кога температурите надвор се многу високи или ниски со цел да се згрижат привремено и да се избегне смртноста кај оваа група на граѓани.
Црвениот крст на град Скопје, со поддршка на Град Скопје и годинава од 30 декември 2016 година, поради екстремно ниските температури им понуди 24 часовно згрижување на бездомниците. Изготвен е логистички план кој вклучува ангажиран тим кој функционира 24 часа и е воедно мобилен и спремен да ги преземе бездомниците од местата каде што се лоцирани. Од неговото отворање па до сега секоја зима во прифатилиштето се реализираат акции за згрижување од студен бран кога се сместуваат во просек 20 лица, а во текот на годината заради болест се згрижуваат во просек 5-10 лица.
Градоначалникот Трајановски им се заблагодари на вработените и на волонтерите во Црвениот крст на Град Скопје за нивната посветоност во помагањето на бездомните лица за да им се подобрат условите на живот и за ангажирањето на едно нивно возило за превоз на бездомните лица до Пунктот.
Секретарот на Црвениот крст на Град Скопје, Сузана Тунева-Пауновска се заблагодари за поддршката на Градот Скопје со помош на која им го олеснуваат животот на бездомните лица.
Бездомниците може да го повикаат тимот од Пункот на телефонскиот број 3139 578 во Дирекцијата на Црвениот крст на град Скопје.
Вкупниот трошок за функционирање на пунктот на годишно ниво изнесува 1.700.000 денари, од кои 500.000 ги обезбедува Град Скопје, а преостанатите се обезбедуваат од буџетот на Црвениот крст на град Скопје, како и од други донатори. – Градот Скопје во соработка со Црвениот крст на Град Скопје, континуирано го помага работењето на овој центар, а во 2011