Трајановски: Започнаа инженерски зафати во Сингелиќ

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска изврши увид на градежните работи во Сингелиќ, каде што се поставуваат бетонски цевки кон улиците и домовите на жителите.Како што информира Трајановски, се очекува до петок целосно да се заврши со оваа фаза од санирањето на штетите.
-Работата се привршува. Одлучивме сега да се работи до 22 часот а ноќната работа да се прекинува со оглед на тоа што се создаде можност за работа преку ден. Војската е вклучена со работа во овие 14 региони каде што секаде има по 20-на војници, а доаѓаат и волонтери кои исто така помагаат. Од претходната ноќ започнавме со миење на улиците со цистерни од пожарната и цистерни од јавните комунални претпријатија, вели Трајановски.
Вчера до сите општини бил упатен повик да донираат цистерни од Јавните претпријатија. А веќе од Прилеп, Радовиш, Кавадарци има донесено цистерни а на пат се и цистерните од Велес.
-Почнуваме од оние улици каде што се е завршено. А денеска започнуваме со инженерски работи на поставување на нови мостови со бетонски цевки од по 1500 и 2000 цм пречник. Започнавме денеска на 3-4 локации ќе согледаме колкава е целокупната потреба, така да овие неколку денови ќе се работи на тоа, објаснува Трајановски.Како што информира Трајановски, се очекува до петок целосно да се заврши со оваа фаза од санирањето на штетите.
-Работата се привршува. Одл

Пронајдете не на следниве мрежи: