Во програмата „РЕАЛНО“ на ВМРО-ДПМНЕ покрај многубројните проекти од областа на образованието е предвидено и изградба и доградба на 18 училишта во Р. Македонија, а меѓу нив е и основно училиште „Тихомир Милошевски“ во општина Ѓорче Петров.Трајко Вељаноски, кандидат за патеник на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека проширувањето на оваа училиште е многу значајно за жителите на овој регион и при последната посета претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во општина Ѓорче Петров на жителите им било ветена неговата надградба.
-ВМРО-ДПМНЕ посветува внимание на образованието, а тоа е неопходно за напредок на една држава. Во новата програма имаме предвидено 18 проекти за изградба и доградба на училишта. Една од нив е и училиштето „Тихомир Милошовски“ кое што е многу значајно за целиот реон во Ѓорче Петров, Волково, Ново Село, Даме Груев, Кисела Јабука кај што има многу деца кои што учат, рече Вељаноски.
Посочи дека врз основа на тоа ветување на Груевски, МОН спроведе јавна набавка за избор на фирма која што ќе го направи проектот .
-Избрана е фирмата Инком Инженеринг и го изготви проектот кој овие денови ќе биде доставен до општината и општината ќе го усвои за 10 дена аупот за училиштето „Тихомир Милошовски“. Врз основа на тоа за десетина дена ќе се издаде одобрение за градба. А по одобрението на градба на почетокот на идната година 2017 со новиот буџет МОН ќе спроведе јавна набавка за избор на изведувачот. Во текот на 2017 година ќе биде започнат овој објект и ќе биде завршена надградбата на училиштето, рече Вељаноски.
Во моментов во општинското основно училиште „Тихомир Милошевски“ учат 532 ученика и има 21 паралелка кои наставата ја следат во 11 училници. Учениците одат во две смени и наставата се одвива отежнато поради ограничениот простор и големиот број на ученици.
Со проширувањето ќе се доградат 4 училници, ќе се инсталира нов систем на греење, ќе се смени кровот, а ќе има и помошни простории и кујна. Со тоа ќе се подобри квалитетот на наставата и ќе се отвори можност наставата да се одвива во една смена и да се воведе и целодневна настава.Трајко Вељаноски, кандидат за патеник на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека проширувањето на оваа училиште е многу значајно за жителите на овој регион и при&n