Според градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, дивата сеча на шумите можно е да одиграла мала улога при катастрофалната поплава, но за тоа е потребно да се направи студија, посочи тој за ТВ Нова, по дел од шпекулациите дека обиколницата и сечата се причина за поплавата.-Треба да се направи анализа од стручни лица, но мое видување е дека можеби одигра мала улога таа дива сеча што ја имаше во минатото, посебно во Липковскиот крај, но од она што го добивме како информација, облакот се наоѓал некаде на средишниот дел од Скопска Црна Гора. На пример во Раштак немаше поплава, Булачани имаше мал одрон, а веќе селата што се малку пониско, Црешево, Смилковско, Виниче беа поплавени. Во делот кај Црешево, Булачани има голема количина на дрвна маса. Во делот кај Страчинци, пак, имаме друг проблем, има поголема површина што не е пошумена, но има и проблем што делот над селото е карпест. Количината на дожд успеала да свлече дел од карпите. Тука треба стручните лица да објаснат како да го заштитиме тој карпест дел- смета Трајковски, кој посочи дека за „Денот на дрвото“ главната акција за пошумување беше меѓу Брњаци и Арачиново.
Околу коментарите поврзани за обиколницата, Трајковски потсети на поројниот дожд во 2009 година
– Во 2009 имаше еден пороен дожд кој направи проблем на улиците што гравитираат околу обиколницата. Излеговме на терен со јавното претпријатие за државни патишта кое што направи дополнително акомулационо езерце, непосредно до самата клучка. Водата се насочува кон езерцето и тоа ја врши функцијата, но за волку голема количина на вода треба да се даде предлог дали е потребен нов тип на канал или ново езеро, односно треба да се направи добра студија-изјави Трајковски.-Треба да се направи анализа од стручни лица, но мое видување е дека можеби одигра мала улога таа дива сеча што ја имаше во минатото, посебно во Ли