Тони Трајковски, советник во Советот на општина Куманово од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, најави дека ќе го тужи МВР и медиумите кои ја пласираа информацијата дека тој е еден од насилниците кој тепал пратеници во Собранието и го влечел низ ходниците повредениот пратеник Зијадин Села, пренесува порталот Куманово њузТрајковски вели дека поради кривичната пријава што му е поднесена од МВР за учество во топла што ќе предизвика кривично дело, нарушен му е угледот и непотребно е изложен на осуда од јавноста.
Категорично тврдам дека вечерта на 27. април, не непаднав никого физички, ниту пак организирав напад врз пратениците во Собранието на Република Македонија. Јас на протестот во Скопје стигнав во 20.30 часот, со што ни физички не можев да бидам таму додека се случувала пресметката, а и потоа воопшто не влегов во зградата на Собранието, – изјави Трајковски на денешната прес-конференција.
Тој очекува МВР да му се извини и да ја повлече пријавата затоа што во полициската станица во Скопје, по наредна бил одведен со службено возило на СВР Куманово, било утврдено дека се работи за грешка во препознавање.
„Оваа пријава против мене претставува класична конструкција за мое лично дискредитирање, бидејќи од самиот почеток сум препознаен како граѓанин кој безрезервно ги подржува протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“, – додаде Трајковски.
Трајковски, на шега, рече дека е многу поубав од човекот на сликата за кого се тврди дека е тој, и им порача да полицајците кои го замениле во препознавање да ја сменат диоптријата на очилата.Трајковски вели дека поради кривичната пријава што му е поднесена од МВР за учество во топла што ќе предизвика кривично дело, нарушен му е угледот