Градоначалникот потенцира дека иако ја добиле целата доказна документација, СЈО не објавило ниту еден доказ од она што го добило.Градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски денес беше во Основен суд и даде изјава за случајот кој го отвори СЈО, поврзан со рушењето на Космос.
Во студиото на ТВ Нова тој рече дека ова е уште една убава можност да ја докажат законотитоста на постапката при рушењето на објектот кој Фијат Цановски го градеше спротивно на дозволата за градба.
-Не е прв пат во судска постапка да се докажува овој случај. Досега имаме 20-тина судски пресуди. 9 од Управен суд, 9 потврдени од Вишиот управен суд, една судска пресуда од Уставниот суд и една од Врховниот суд. Во таа законска постапка беше докажано дека сме постапиле согласно законот, рече градоначалникот.
Тој вели дека жали што СЈО презентираше повеќе политика отколку факти и аргументи.
Трајковски истакна дека општина Гази Баба во цела постапка при прибавување на документи од СЈО биле конструктивни. СЈО ја добило целата документација која ја побарало од општината, а ќе добијат и уште ако е потребно. Градоначалникот потенцира дека иако ја добиле целата доказна документација, СЈО не објавило ниту еден доказ од она што го добило.
Телевизија НОВА во денешното отворено студио ги поканило Фијат Цановски и Мирослав Грчев, но двајцата одбиле да се соочат со градоначалникот Трајковски.Градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски денес беше во Основен суд и даде изјава за случајот кој го отвори СЈО, поврзан со рушењ