Трајковски: Со владата предводена од ВМРО- ДПМНЕ и градот Скопје во минатото реализиравме многу капитални проекти во општината Гази Баба

Во изминатиот период одличната соработка на локалната власт со владата која беше предводена од ВМРО-ДПМНЕ и со одличната соработка на градоначалникот на градот Скопје успеавме да реализираме голем дел на проекти, вели Тони Трајковски на денешната панел дискусија ПОДОБРИ И РАЗЛИЧНИ „Инвестираме во локалната самоуправа“.-Со владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ реализиравме посебни и значајни проекти кои што за жал последните 30, 40 години не беа реализирани на територија на општина Гази Баба. Главен акцент ставивме на рамномерниот развој во секое населено место, без разлика дали е во руралниот или во урбаниот крај. Нашите дела се видливи и верувам дека секој граѓанин тоа го почитува и затоа довербата во општина Гази Баба ја добива ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери, рече Трајковски.
Тој напомена дека паралелно во Гази Баба се работело на многу проекти, а во делот на патната и комуналната инфраструктура биле реконструирани и асфалтирани многу улици.
-Благодарение на брзата наша интервенција на локалната самоуправа, градот Скопје како и владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеавме брзо да го нормализираме животот и во делот кои беше опфатен од големата поплава во месец август. Во тој период со заеднички ангажмани успеавме да работиме деноноќно, за да се нормализира животот и околу 30 километри улици беа асфалтирани со тампон, а заедно со владата и градот успеавме да асфалтираме околу 60 улици. Во делот на комуналната и фекалната канализација се изгради нова фекална и атмосферска канализација со должина од околу 20 илјади метри, а сето тоа беше со поддршка од владата и градот Скопје, потенцираше Трајковски.-Со владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ реализиравме посебни и значајни проекти кои што за жал последните 30, 40 години не беа реализирани на територи

Пронајдете не на следниве мрежи: