На почетокот на август, Скопје го зафати големо невреме во кое најпогодена беше општина Гази Баба. Во интервју за Курир, градоначалникот Тони Трајковски говори за последиците од поплавите, за реакцијата на општината и за сето она што се уште се превзема за справување со последиците.Каква беше реакцијата на општината во давањето на првата помош и спасувањето на загрозените граѓани?
-Можам да потврдам дека јас како градоначалник и луѓето од просторните сили кои се формирани за заштита и спасување веднаш уште вечерта бевме во населените места и ја координиравме активноста за спасување и укажување на првата помош на граѓаните од населените места кои беа зафатени со невремето. Веднаш ги алармиравме надлежните институции, кои за многу краток период дојдоа на лице место и се активираа согласно нивните надлежности. Заедно со мене беше и градоначалникот на Град Скопје, претставници од противпожарната бригада, претставници од АРМ, МВР, едниницата за дирекцијата за заштита и спасување, брзата помош и во зедничка координирана активност работевме на укажување на првата помош, спасување и обезбедување на пристап до секоја куќа Најпрво беше ангажирана механизацијата од ЈП од Град Скопје а во спасувањето беа ангажирани и специјални возила од МВР и АРМ. Во првите моменти можам да потенцирам дека имаше и голема солидарнот меѓу граѓаните кои меѓусебно си помагаа и воедно ни помагаа и на нас во координација на активностите на терен. Уште вечерта имавме одговорни координатори во секое населено место кои помагаа и ни доставуваа информации за ситуацијата од лице место а согласно на тоа од наша страна се правеше планот за распределба на силите за спасување и механизацијата за расчистување на теренот. Од тоа што можев да го видам на лице место можам да потврдам дека се работеше за огромно невреме со голема количина на наврнато дожд, голема брзина на ветер, голема количина на град посебно во делот на селото Смилковци и Црешево и голема количина на нанос на земја, камења и разни предмети кои при движење ги имаше носено водата.
Верувам дека брзата и навремена интервенција на сите надлежни инстуции како и меѓусебната помош и солидарност на граѓаните придонесоа да се спасат голем број на човечки животи. Вечерта покрај укажување на помошта на жителите од населените места Сингелиќ, Стајковци, Црешево и Смилковци во соработка со МВР се даде прва помош и беа згрижени и сите луѓе кои беа затекнати на обиколницата, бидејќи таа беше непроодна, се организираше акција за нивно згрижување. Активноста за спасување и расчистување на теренот се одвиваше цела ноќ до утринските часови и продолжи во координација со Владата и наредните денови. За жал во ова невреме имавме голем број на човечки жртви, 23 загинати и би сакал уште еднаш да изразам големо жалење и сочувство до семејствата на загинатите. Советот на општина Гази Баба следниот ден по невремето одржа итна седница, на која се донесе Одлука за парична помош на семејствата на загинатаите, со која не можеме да им ја намалиме болката, туку сакавме да им помогнеме малку во најтешките мигови. Покрај горе споменатите институци, во населените места зафатени од невремето доброволно ни помагаа и голем број фирми со својата механизацијана , се организираа доброволци од цела Република Македонија во расчистувањето на куќите, прво со исфрлање на поплавената покуќнина, црпење на водата, вадење на калта и санирање на штетите. Голема благодарност до сите кои дадоа свој придонес во расчистувањето на последиците од поплавата. По расчистувањето на куќите, се направи дезинфекција, па потоа дератизација, а на улиците и депониите се вршеше дезинфекција по неколку пати. Кај каналите и езерата се направи и ларвицидна дезинсекција. Секојдневно се одржуваше седница на Влада и состанок на кризниот штаб на ОГБ каде на дневна основа се гледаше напредокот на акцијата и се правеше план за следните чекори. На терен општинскиот кризен штаб ги организираше месните и урбаните заедници, за секоја улица беа одредени координатори со кои заедно работевме во санација на теренот.Многу општини од градот Скопје и Република Македонија, здруженија на граѓани и самоиницијативно, покрај помош со испраќање на луѓе доброволци, донираа хуманитарна помош во вода, прехрамбени производи, облека, средства за чистење и лична хигиена и парични средства, кои потоа беа распределени на семејствата од поплавените подрачја. Исто така помош ни пристигнуваше и од други држави од регионот и пошироко. Голема благодарност до сите. Комисиите за проценка на штети кои ги формираше Владата на РМ веднаш излегоа на терен и со оглед на големиот број на оштетени куќи, добиток и земјоделско земјиште, брзо ја завршија проценката, а Владата донесе одлука 100 процентно да се обештетат граѓаните, вели Трајковски.
Поплавата се случи кратко време пред започнување на новата учебна година. Знаеме дека некои училишта беа оштетени од поплавата или беа пунктови во време на расчистувањето на теренот. Дали навреме започнавте со новата учебна година и ако го направивте тоа, како успеавте да ги оспособите за толку краток период училиштата?
-Да, сите училишта во општина Гази Баба започнаа со настава на 1-ви септември, вклучувајќи ги и училиштата во поплавените подрачја. Заедно со директорите од училиштата направивме темелни подготовки на објектите и подготвени ги пречекавме учениците на почетокот на новата учебна година. Како пример ќе го посочам дворот на ОУ „25 Мај“ во стариот објект во Сингелиќ, каде при расчистувањето се направи депонија која беше исчистена, дезинфицирана, деконтаминирана и на тоа место за краток временски период се реконструира спортското игралиште, се направи детско забавно катче и се постави урбана опрема. Објектот на училштето се реновираше и доби еден нов поубав лик. Во ОУ „25 Мај“ во Сингелиќ, каде што се наоѓаше еден од пунктовите, се опремја 22 кабинети со нови проектори, нови клупи и столчиња и сите училници се снабдени со нагледни средства потребни за тековната настава. Исто така и во ОУ „Кирил и Методиј“ во Стајковци, кое беше главен пункт за поплавениот регион – таму беше пунктот на АРМ и брзата помош, се направи комплетно расчистување, дезинфекција и целосна реконструкција на училиштето. Не запираме само со овие активности и во следниот период ќе продолжиме со снација и подобрување на условите за одвивање на наставата, рече градоначалникот.
Какви се активности превземате да се врати животот во нормала во овие населени места, знаејќи дека голем дел од инфраструктурата беше уништена од поплавата? Дали имате сили да се справите со сите овие проблеми?
-По стабилизирањето на состојбата во населените места, започнавме со расчистувањето на депониите кои се направија при расчистувањето на објектите. Се исчисти депонијата во ОУ 25 Мај, депонијата во Стајковци кај надвозникот и привремените депонии во Страчинци, на патот Стајковци – Брњарци, Стајковци – Црешево и во Економија, на кои локации беше направенаи темелна дезинфекција. За многу краток временски период се направи проодност до секоја куќа кој беше нашиот прв приоритет, паралелно се работеше на исфралање на сметот од домовите и дворовите и на расчистување на каналската мрежа од наносите на дрва, кал, и разни предмети. Веднаш започнавме со санација и на комуналната инфраструктура. Се направи санација на фекалната канализација во Стајковци и Сингелиќ, санација на водоводната мрежа во Брњарци и Страчинци, а во соработка со ЈП Водовод и канализација се работеше на прочистување на шахтите кои беа запушени со разен отпад и кал. Досега тампонирани се 20 км улици и планот е во следниот период да се асфалтираат околу 20 км улици. Досега асфалтирани се околу 13 км улици во Сингелиќ и Стајковци, а можам да најавам дека следниот период ќе бидат опфатени со асфалтирање улиците од население места Инџиково, Економија, Ченто, Брњарци, Страчинци, Црешево, Виниче, Булачани и Смилковци. Голема благодарност до Владата на Република Македонија, градот Скопје и Јавните претпријатија кои со финансиски средства помагаат за реконструкција на оштетената инфраструктура во поплавените подрачја, открива градоначалникот.
Општина Гази Баба е голема општина. Покрај активностите во поплавените подрачја, какви активности планирате во следниот период во останатите населени места?
-По нормализирање на инфраструктурата во поплавените населени места, продолжуваме паралално со планираните активности и во останатите населени места. Во населбата Железара се направи пешачка патека на ул. „Душан Тасковиќ“, а набрзо ќе се започне со изградба на еден поголем паркинг кај вискоките кули. Во населбата Автокоманда деновиве ќе се асфалтира паркингот на ул. „Габреш“, а интензивно се гради и новиот културен дом заедно со најсовремено музичко студио. Во населбата Триангла се работи на доизградба на атмосферска канализација, во населбата Маџари во завршна фаза е изградбата на новиот плоштад пред киното Маџари, во новата населба Хиподром 2 веќе следната недела продолжуваме со градење на водовоната мрежа, фекалната и атмосферската канализација и асфалтирање на улиците. На потегот од Трубарево кон населеното место Гоце Делчев продолжуваме со изградба на фекалната канализација, а исто така и за населеното место Јурумлери деновиве ќе респишеме тендер за изградбе на дел од примарната фекална мрежа. Во населбите Колонија и Идризово ќе се работи на санација на улиците и изградба на пешачки патеки, следната недела се планира и почеток на изградба на новиот резервоар за вода во Раштак и изградба на дел од водоводната мрежа.. Со овие активности можам да најавам дека се додека имаме добри временски услови во секое населено место имаме планирани активности во насока на подобрување на инфраструктурата и условите за живеење, заклучува тој.Каква беше реакцијата на општината во давањето на првата помош и спасувањето на загрозените граѓани?
-Можам да потврдам де