Трамп денеска влегува во Белата куќа на средба со Обама

На покана на американскиот претседател во заминување Барак Обама новоизбраниот Доналд Трамп денеска ќе влезе во Белата куќа.На средбата се очекува да бидaт договорени деталите за примопредавање на функцијата.
Инаугурацијата е закажана за 20 јануари следната година.
Американскиот претседател Барак Обама по изборот на Трамп ги повика американците да го поддржат неговиот наследник Доналд Трамп, нагласувајќи дека сите првенствено треба да бидат патриоти и „во еден тим“.
Тој најави дека ќе има мирна транзиција на власта во земјата.
Обама ги повика приврзаниците на неговата демократска партија да не бидат разочарани од победата на републиканецот Трамп и да го поддржат во заложбите за „успешно обединување и раководење на земјата“.
-Сите ние пред се сме Американци и патриоти и го сакаме најдоброто за нашата земја, истакна Обама, повикувајќи ги пред се младите да „останат храбри и да не бидат цинични“.На средбата се очекува да бидaт договорени деталите за примопредавање на функцијата.
Инаугурацијата е закажана за 20 јануари следната годин

Пронајдете не на следниве мрежи: