САД би можеле да дојдат до сукоб со Русија ако го нападнат сиријскиот претседател Башар ал Асад, изјави новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во интервју за Вол Стрит Журнал.Мојот став беше, вие се борите против Сирија, Сирија се бори со ИСИС, а морате да се ослободите од ИСИС. Русија сега е сојузник на Сирија, а тука е и Иран кој станува моќен заради нас, а кој е сојузник на Сирија. Ние ги поддржуваме бунтовниците против Асад, а немаме поим кои се тие луѓе, додава тој.
За време на својата предизборна кампања Трамп изјави дека актуелниот претседател на Сирија, Башар ал Асад, не е идеален сиријски лидер, но неколку опозициски групи што би можеле да дојдат на власт по неговата оставка, би можеле да бидат и полоши.
Тој додаде дека неговиот приоритет во Сирија ќе биде да ја елиминира џихадистичката група, а не да го урне Асад.Мојот став беше, вие се борите против Сирија, Сирија се бори со ИСИС, а морате да се ослободите од ИСИС. Русија сега е сојузник на Сирија, а тука е