Републиканскиот кандидат за претседател на САД Доналд Трамп порача дека ќе донесе промени во „расипаниот систем“ во Вашингтон и во денешниот говор го претстави планот за своите први 100 дена владеење доколку биде избран за претседател на 8 ноември.Американскиот милијардер верти дека ќе го „исуши мочуриштето во Вашингтон“ и на негово место ќе постави „нова влада која ќе биде на народот, која ја донел народот и која е за народот“, алудирајќи на говорот на претседателот Линколн во екот на граѓанската војна во 1863 година.
-Промените мора да дојдат надвор од нашиот многу расипан систем. Нашата кампања го претставува оној вид на промена која се случува еднаш во животот- рече Трамп пред неколку стотици приврзаници.
Во 45-минутниот говор, Трамп вети дека ќе обезбеди „најмалку 25 милиони работни места за една деценија“, дека ќе ја „скроти нелегалната миграција, дека ќе наметне временски ограничувања во Конгресот, наново ќе преговара за Северноамериканскиот договор за слободна трговија и дека ќе го повлече потписот на Барак Обама за реформите за здравствени услуги“.
Истовремено, ќе „запре плаќањето на милијарди долари за програмите на ОН за борба против климатските промени“ и ќе заштеди пари за „средување на водената и еколошка инфраструктура на Америка“.
-Јас не сум политичар и никогаш не сум сакал да бидам. Но, откако видов во какви проблеми е нашата земја, почувствував дека мора да делувам- рече Трамп.Американскиот милијардер верти дека ќе го „исуши мочуриштето во Вашингтон“ и на негово место ќе постави „нова влада која ќе биде