Делегација на американскиот Конгрес предводена од републиканецот Боб Гудлајт е во „итна мисија“ во регионот со растечки тензии, каде што се уште е на сила „губитничката политика на Сорос и Обама“ и се фаворизираат некои кругови „на штета на граѓаните, локалните институции и регионалната стабилност“, пишува „Американ спектејтор“Петнасетчлената делегација на американскиот Конгрес на чело со републиканецот Боб Гудлајт, која тргна на пат во саботата, во рамките на регионалната турнеја ќе ги посети Грција, Босна, Албанија, Македонија, Косово и Италија, но неизвесно е дали на таа турнеја ќе ги добие одговарачките информации од американските амбасадори заостанати од времето на администрацијата на претпоследниот американски претседател Барак Обама, кој се прострасни, пишува во текстот објавен во конзервативниот американски магазин.
„Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон минатата недела најави дека САД веќе нема да им наложуваат на други земји да ги усвојуваат американските вредности. Нашите амбасади на Балканот очигледно не ја добиле таа депеша“, пишува „Американ спектејтор“ (АС).
Со оглед на тоа дека шест од девет членови на делегацијата на Конгресот се републиканци, вклучвајќи ги и конзервативците Стив Кинг и Том Марин, конгресмените според природата на посетите, бидејќи се работи за странски земји, ќе мора да се ослонат на Стејт департментот, укажува АС.
„Во секоја од овие земји амбасадорите се остаток од администрацијата на Обама и продолжуваат да ја применуваат наследената политика. Поради тоа тешко е да се замисли дека делегацијата ќе добие непристрасни информации од амбасадите кои биле силно интервенционистички ориентирани во локалната политика“, пишува АС повикувајќи се на сознанија од споменатите земји одделно. Во таа смисла весникот наведува инциденти кои ги следеле мисиите на американските анбасадори во Македонија и Босна.
„Македонците масовно протестираат против Тиранската платформа и амбасадорот Џес Бејли. Бидејќи не му е доволно што лошо управува со сопствената земја, Еди Рама посегна по соседна Македонија и предизвика длабока нестабилност во агресивниот напор да им помогне на колегите социјалисти и сонародиниците Албанци муслимани“, пишува американскиот магазин, додавајќи дека многумина сметаат дека американската страна во македонија застанала зад социјалистите, како и во Албанија.
Рама одржа состанок со три македонски албански партии и изработи нацрт на т.н. Тиранска палтформа, која, според АС, е „опасен сепаратистички документ кој му се заканува на самиот идентитет на Македонија“. Потоа тие албански партии влегоа во коалиција со македонските социјалисти и бараа правод а формираат нова влада против владејачката ВМРО-ДПМНЕ, која до оваа криза успеа да ја развие најуспешната економија на слободен пазар на Балканот, се додава во текстот.
„Во целата земја Македонците масовно протестираат против Тиранската платформа и амбасадорто Џес Бејли, кој е прострасен против ВМРО.“ И, додава АС, повеќето локални функционери имаат инакви приоритети од амбасадите – Македонците се главно загрижени за безбедноста, додека Американците потхрануваат со пари НВО и ги потткнуваат на „мобилизација и активизам“.
Амбасадорите од ерата на Обама, заклучува Спектејтор, успеаја да поттикнат етнички тензии во Македонија и Босна, промоворајќи ги своиете политички фаворити заостанати од минатото – првенствено социјалисти и членови на мрежата на Сорос (во Албанија, Грција и Македонија) – одбивајќи ги функционерите кои чувствуваат дека знаат што е најдобро за нивната земја (во Албанија, Босна, Косово и во Македонија).Петнасетчлената делегација на американскиот Конгрес на чело со републиканецот Боб Гудлајт, која тргна на пат во саботата, во рамките на регионалнат