Трамп: Ќе прекинеме со соборување на режими и влади низ светот

САД ќе прекинат со обидите да соборуваат влади низ светот и ќе соработуваат со другите земји што се борат против тероризмот, порача новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за време на својата „турнеја на благодарноста“ и вети почеток на „нова ера на мирот“.– Ќе ја уништиме Исламска држава. Истовремено, ќе се водиме според новата надворешна политика, која, конечно, учи на грешките од минатото. Ќе прекинеме со соборување на режими и влади, истакна Трамп во своето обраќање во Синсинати.
Тој нагласи дека САД ќе соработуваат со секоја земја, која е заинтересирана да ја уништи ИД.
Трамп вети дека ќе ги „излекува длабоките рани на Америка“, додавајќи дека земјата нема друг избор, туку треба да се обедини и да ја отфрли нетрпеливоста.
Претходно, за време на својата посета на Индијана, Трамп повтори дека ќе изгради ѕид долж американско-мексиканската граница, кој ќе има „врата“ низ која ќе можат да минуваат легални мигранти.– Ќе ја уништиме Исламска држава. Истовремено, ќе се водиме според новата надворешна политика, која, конечно, учи на грешките од минатото. Ќе

Пронајдете не на следниве мрежи: