Новиот 45-ти претседател на САД, Доналд Трамп во својот победнички говор покрај домашната политика, се осврна и на надворешната политика, со што ја најави и патеката по која САД ќе се движи во однос на меѓународните односи.Со освоени 276 гласови во Изборниот колегиум, Трамп стана претседател на државата која е еден од најголемите играчи во светската политика. Токму затоа, не само Американците, туку буквално и целиот свет внимателно ги следеше претседателските избори. Изборот на Американците, ќе влијае на целиот свет.
Во својот победнички говор Трамп се заблагодари на сите за поддршката и подвлече дека ќе биде претседател на секој Американец. Ја истакна и борбеноста на Клинтон и ѝ честиташе за упорност и кампањата која ја водеше. Порача дека ќе се сконцентрира на потенцијалот и правилното насочување на секој поединец, а дека во центарот ќе биде возобновување на САД, економијата и инфраструктурата.
-Работејќи заедно ќе се сконцентрираме на тоа да ја обновиме нашата држава и нација и да го обновиме американскиот сон. Целиот свој живот го поминав со бизнис, гледајќи во потенцијалот на луѓето низ целиот свет. И тоа е тоа што сега сакам да го направам за нашата земја. Неверојатен потенцијал. Да се искористи потенцијалот на секој еден. Важноста на секој поединец нема да повеќе да биде игнорирана. Ќе се сконцентрираме во нашите градови, ќе ги градиме и автопатишта, мостови, тунели, аеродроми, училишта. Ќе ја возобновиме нашата инфраструктура. Милиони граѓани ќе бидат вработени за да се обнови инфраструктурата. Ќе се погрижиме конечно за нашите ветерани, тие се толку лојални. Времето кое го поминав со нив додека траеше кампањата беше еден од најголемите почести кои сум ги имал во животот. Ќе се сконцентрираме на проект кој во центарот ќе го има националниот пораст, обновата, ќе се почитуваат и вреднуваат талентите на луѓето. Најталентираните и најспособните ќе бидат задолжени и ќе работат за бенефит на сите граѓани. Имаме одличен економски план, ќе го удвостручиме БДП и ќе имаме најсилната економија на светот. Истовремено ќе бидеме во добар пријателски однос со останатите нации. Ниту еден сон не е преголем и ниту еден предизвик не е претежок. Ништо што ќе посакаме за нашата иднина не е вон нашиот дофат. Америка веќе никогаш нема да прифати нешто поинакво од најдоброто за неа, порача Трамп.
Во својот говор тој се обрати и на светската јавност:
-Сакам да се обратам на светската заедница дека иако ќе го ставиме американскиот интерес на прво место ќе се однесуваме правично со сите останати. Со сите граѓани и со сите нации во светот. Ќе наоѓаме заеднички јазик, ќе воспоставуваме партнерство, а не конфликти, порача новиот претседател на САД.Со освоени 276 гласови во Изборниот колегиум, Трамп стана претседател на државата која е еден од најголемите играчи во светската политика. Токму за