Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, во понеделникот побара специјален обвинител да го испита мандатот на Хилари Kлинтон додека била државен секретар во момент кога на површина испливуваат прашања дали странските донации за непрофитна фондација „Kлинтон“ влијаеле врз нејзиното донесување одлуки додека била на функцијата, пишува „Политико“.Барањето на Трамп, доаѓа како реакција на сторијата на „Асошиетед прес“, објавена во вторникот според која половина од лицата надвор од владата со кои Kлинтон се среќавала додека била државен секретар биле донатори во фондацијата на нејзиното семејество, пишува Дневник. Најмалку 85 од 154 средби на Kлинтон надвор од Стејт департментот биле или лично или преку телефон со донатори на фондацијата.
Трамп побара забрзана истрага од специјалени обвинител за поврзаноста на Kлинтон со нејзината фондација додека била во Стејт департментот што Kлинтонови, според републиканскиот магнат, го претвориле во операција „плати за услуга“. Kоментарот на Трамп е прв негов експлицитен повик за директна правна постапка против неговата ривалка од демократите, по неговото тврдење дека Kлинтон треба да оди в затвор поради злоупотребата на својот на приватен сервер за електронска пошта за службена коресподенција додека била државен секретар. Министерството за правда одби да поднесе обвиненија против Kлинтон за скандалот со имејловите.
Трамп го нападна и министерството за правда кое, според него, се докажало како „политичко крило на Белата куќа“, инсинуирајќи дека адвокатите на министерството ја штитат Kлинтон од обвиненијата што произлегуваат од скандалот со имејловите и од нејзините „зделки“ со фондацијата „Kлинтон“. Од таа причина, рече Трамп, и барам министерството за правда да назначи независен специјален обвинител.
Од кампањата на Kлинтон не одговорија директно на коментарите на Трамп, но укажаа на изјавата на претседателот на демократската кампања, Џон Подеста, за „Ен-би-си њуз“ во која тој ги бранеше плановите на фондацијата „Kлинтон“ да престане да прифаќа странски донации и за поранешниот претседател Бил Kлинтон да се повлече ако неговата сопруга биде избрана за претседател на САД. – Фондацијата веќе ги изложи мерките што добротворната организација ќе ги преземе ако Хилари Kлинтон стане претседател. Доналд Трамп треба да расчисти со гласачите за својата комплексна мрежа бизниси за профит кои се стотици милиони долари во долгови кон големите банки, вклучувајќи ја и државната банка на Kина, како и кон другите бизнис-групи со врски со Kремљ – вели Подеста. Тој повторно го повика Трамп да ги објави своите даночни пријави и да се ослободи од потенцијалните судири на интереси за да покаже дека не им дозволува на своите финансиски интереси да влијаат врз одлуките што ќе ги носи неговата потенцијална администрација.
Шема „плати за да играш“
И гувернерот на Њу Џерси, Kрис Kристи, побара специјалн обвинител да ја истражи работата на Kлинтон фондацијата по вестите дека повеќе од половина од луѓето со кои Хилари се среќавала додека била државен секретар биле донатори.
„Мора да одиме до крај во истрагата со тоа што личи на „плати за да играш“ шема создадена од Kлинтонови. Kако поранешен федерален обвинител можам да кажам дека е јасно што треба да се направи. Работењето на фондацијата мора да се истражи“, рекол Kристи.
Тој додал дека истрагата мора да се заврши пред ноемвриските избори.
Kристи го поддржува Трампо и активно ја помага неговата кампања. На сето ова Трамп само додал дека Kлинтон е „купена и платена за да им служи на специјални интереси“ и дека таа очајно се обидува да „го скрие својот криминал“.Барањето на Трамп, доаѓа како реакција на сторијата на „Асошиетед прес“, објавена во вторникот според која половина од лицата над



