Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп започна со смена на американски амбасадори. „The New York Times“ пишува дека Трамп водеше кампања која ги предизвика принципите на американската дипломатија. Изборот на амбасадори на Трамп веројатно е знак за тоа колку се сериозни неговите ставови, но додека неговиот тим започнува да ги разгледува можните избори за 10-тина поголеми амбасади, сигналите сè уште не се јасни.Два од трите избори, гувернерот Тери Е. Бранстад од Ајова за Кина, Дејвид М Фридман за Израел не се големи донатори. Третиот избор, гувернерката Ники Р Хејли од Јужна каролина која беше избрана за амбасадор во ОН, беше цврст критичар на Трамп во текот на неговата кампања. Господинот Бранстад го опиша престедателот на Кина, Кси Џинпинг како „стар пријател“, додека госпоѓата Хејли и господинот Фридман немаат дипломатско искуство.
Номинацијата на господинот Фридман, конзервативец, кој е цврст критичар на про-израелската група на лобисти „Џеј стрит“ и кој се заколна дека ќе ја премести амбасадата на САД во Ерусалим, вознемири голем дел од естаблишментот за надворешна политика – ист вид на нарушување кое господинот Трамп го акцентираше за време на својата кампања. Засега, господинот Фридман е исклучок.
Интензивната потрага по амбасадори започна меѓу донаторите, лојални на господинот Трамп и во некои случаи лица кои се блиски до неговите деца. Доколку господинот Трамп го одбере Вуди Џонсон, сопственик на тимот „Њујорк Џетс“, долгогодишен републикански донатор и пријател на новоизбраниот претседател или некој како Питер С. Каликов, претседател на водечки фирми за недвижнини и поддржувач на Трамп, во тој случај, ќе следи веќе познато сценарио.
Доколку одбере некој како Џон М. Хантсмен јуниор како амбасадор за Јапонија, во тој случај ќе се обиде да спои лице на републиканскиот естаблишмент со регион кој му е познат. Господинот Хантсмен досега отслужи мандат како амбасадор во Кина и Сингапур.
Доколку одбере некој како Роберт Пенс, лице кое не ја поддржа неговата кампања, но сепак бил препорачан од неговиот потпретседател Мајк Пенс, во тој случај би било слично како изборот со госпоѓата Хејли во поглед на внесување на луѓе од надвор.
Се очекува дека господинот Трамп ќе ги награди своите поддржувачи со амбасадорски места во Западна Европа и Карибите, како што е најчест случај со новите администрации. Но ова би можело да вклучи и донатори на неговата кампања или луѓе што би му биле потребни во иднина.
Според господинот Сифкугсон, од асоцијацијата за надворешна политика, 70 проценти од номинациите во претходните администрации биле лица кои претходно работеле како амбасадори, а 30 проценти од нив биле политичари.
Соработниците на господинот Трамп одбија да коментираат, единствено што кажаа беше дека дискусијата за кандидатите е сè уште во рана фаза. Има неколку фаворити помеѓу имињата на советниците на Трамп , но состаноците ќе се зачестат во текот на неделата. Советниците се наоѓаат на долга листа на предлози од лица кои се вклучени во процесот на транзиција вклучително и ќерката на Трамп, Иванка и неговиот зет, Џеред Кушнер. Како резултат предлозите вклучуваат луѓе кои не го поддржале Трамп како Роналд Џеј Гидвиц, кој го поддржа Џеб Буш за време на прелиминарните внатрепартиски избори.
Засега имаше неколку предлози како Ханстмен да биде назначен за амбасадор во Јапонија. Тој досега беше амбасадор во Кина за време на администрацијата на Обама или Мишел А Флурој, функционер во Пентагон и амбасадор на НАТО. Двајцата имаат големо познавање на политиката и уживаат добра репутација кај Стивен Кеј Банон, главниот стратег на Трам за белата куќа, но неколкумина советници на Трамп му се спротиставуваат.
Има и неколку лични препораки од луѓе вклучени во транзицијата. Еден од нив е Морис Голдфрап, кој до неодамна беше директор на „Џи Ил Аперел Груп“. Уште еден гувернерот Џејмс Гилмор од Вирџинија беше препорачан од Кит Келог, кој е советник на Трамп.
Првата жена на Трамп, Ивана Трамп, сама се препорача во весникот Њујорк Тајмс за амбасадор во Република Чешка. Има уште цела листа на донатори кои се долгогодишни републиканци кои би сакале да станат амбасадори.
Уште еден споменат е господинот Каликов, кој прогласи банкрот додека беше сопственик на Њујорк Тајмс пред две децении.
Дјук Букан, голем поддржувач на Џеб Буш, се придружи на кампањата на Трамп откако беше одбран како кандидат на републиканците и значително придонесе за неговата кампања. Сега, господинот Букан изрази интерес да биде назначен како амбасадор во Шпанија, каде вели дека студирал и каде е отворена компанија во којашто е сопственик на акции.
Господинот Фред В. Малек, поранешен помошник на Ричард Никсон и Џорџ Буш изјави дека доколку некој е донатор, тоа не гарантира дека лицето би било назначено за амбасадор, но според лицата кои се во директна поврзаност со дискусиите, најмалку двајца кандидати од донаторската заедница би биле назначени за амбасадори.
Се смета дека Луис М. Ајзенберг, од републиканскиот национален комитет, кој собираше пари со Стивен Мунчин би станал амбасадор во Италија, додека господинот Џонсон, сопственикот на „Њујорк Џетс“ е воедчки избор за Велика Британија.
Џозеф Форџионе, засега има поддршка да стане амбасадор во Ватикан, но исто така шанса има и Вилјам Е Сајмон јуниор.
Николас Бирнс, кој беше амбасадор во Грција за време на администрацијата на Бил Клинтон изјави дека Стејт департментот најчесто прави листа на луѓе кои би биле разгледани, и дека идните претседатели треба да бидат свесни за нивните опции.Два од трите избори, гувернерот Тери Е. Бранстад од Ајова за Кина, Дејвид М Фридман за Израел не се големи донатори. Третиот избор, гувернерката Ни