Трамп: Порторико е во неволја

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Порторико е во голема неволја по ударот на ураганот Марија и оти веќе има долг од неколку милијарди долари.-Порторико веќе патеше од разрушена инфраструктура, огромен долг и е во голема неволја. Старата електрична мрежа е потполно уништена. Поголемиот дел од островот е уништен, и има милијарди долари долг кон Вол стрит и банките, со кои ќе мора да се избори, за жал, напиша Трамп на својот Твитер профил.
Трамп не понуди решение за долгот на Порторико, кој изнесува 72 милијарди долари.
Портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс изјави дека администрацијата на Трамп е вклучена во пронаоќање факти со кои ќе се дојде до заклучок колку помош му е потребно на Порторико.
Ураганот Марија е најсилен ураган кој удрил во островската земја во последните 100 години. Гувернерот на Порторико, Рикардо Росело рече дека се плаши од хуманитарна криза на островот ако САД итно не реагира.-Порторико веќе патеше од разрушена инфраструктура, огромен долг и е во голема неволја. Старата електрична мрежа е потполно уништена. Поголемиот де

Пронајдете не на следниве мрежи: