четврток, 12 ноември 2026
Најново

Трамп се огласи за нападот во Париз

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Американскиот претседател Доналд Трамп на својот налог на Твитер напиша дека вчерашниот атентат во Париз ќе изврши големо влијание врз претседателските избори во Франција, пренесе ТАСС.Американскиот претседател не прецизира кој од кандидатите за претседател на Франција, според него, ќе ја зголеми својата поддршка по атентатот.
Синоќа напаѓач од автоматска пушка отвори оган врз полицајци на парискиот булевар „Шанз-Елизе“. Еден полицаец е убиен, а двајца други се ранети. Напаѓачот е застрелан во престрелката што следела.
Францускиот претседател Франсоа Оланд соопшти дека се истражува верзијата за терористички напад.
Во недела се одржува првиот круг од претседателските избори во земјата.Американскиот претседател не прецизира кој од кандидатите за претседател на Франција, според него, ќе ја зголеми својата поддршка по атентатот.

Поврзани вести