Претседателските избори во САД, иако официјално незавршени, можат да се сметаат за завршени. Како во организациско-техничка, така и во политичка смисла. За личностите, карактерите, доминантните црти на претседателските кандидати нема да пишувам. Тоа не е цел на овој текст.Целта е да се лоцира главната поента која целиот политички свет треба да ја извлече како поука од овие избори. А таа е дека државите и нивните граѓани бараат од политичарите конечно свртување кон себе, конечно свртување кон вистинските прашања, проблеми и потреби кои го тиштат обичниот човек. Бараат голема победа на обичниот човек, бараат политика и политичари што ќе допрат до обичните, но егзистенцијално важни прашања во модерното време. Победата на Трамп е, всушност, победа на тој обичен човек кој децении наназад молеше за трошка политичко внимание. Молбите стигнаа на политичката сцена. И победија. Ова е голема победа на традицијата на националните држави и на граѓанскиот суверенитет.
По толку многу демократски газења, демократски омаловажувања, искривувања, и превртувања од вистинската суштина на безначајни периферности, обичниот човек доби свои политички пет минути. Тие пет минути набрзо ќе ги добиеме сите ние, обични граѓани, желни за политичари што ни се посветени нам, и што се грижат за нас. Магијата на светската глобализација, на светскиот конституционализам, на светските институции во кои наводно царува демократијата и демократскиот шарм кој никој никогаш го нема видено и ставено на софра, полека, но сигурно заоѓа. Магијата на убавите приспивни зборови на демократските елитисти ја губи моќта и опиумот над „неспособната и политички неедуцираната раја“. Со Трамп се чини заврши последната опојна фаза на наводната демократска игра за доброто на сите, а видлива и корисна само за демократските елитисти и нивните послушници.
Со Трамп веројатно ќе започне ера на ново политичко делување во која грижата и интересите за сопствената држава и за сопствените граѓани ќе биде пред се, и над се. Полека, но сигурно работите во политичкиот свет ќе се менуваат во корист на нациите, во полза на националните држави, во полза на обичните граѓани. Свртувањето на политичарите кон потребите на обичните луѓе, на обичниот човек е нешто за кое светот одамна сонуваше. Обичните луѓе, ставени на маргините,бараа малку почитувано внимание од силните политички фаци набиени со демократија да бидат слушнати нивните потреби. Молеа сите луѓе во светот политичарите конечно да се завртат во своите дворови и да почнат да работат конкретни работи за своите сограѓани. Демократијата на демократите го изгуби тлото, се изгуби себе си во сопствените лавиринти на негрижа, на немање одговорност за донесените одлуки, на нехуманост, на нечовечност. Американската демократија се изгуби во кујната на Клинтонови од каде ечи фрапантна неодговорност, лична и политичка. До каде одела неодговорноста на Хилари за функцијата на која била поставена се виде од протечените информации дека нејзината куќна помошничка Марина Сантош ја имала на директен увид целата пошта и сите информации што Хилари директно ги добивала од претседателот на САД, од ЦИА, и од други безбедносни тела и служби. И што натаму да зборуваме? Можно ли е да се посочи на поголем срам приреден од висок функционер во американската администрација на сопствените граѓани? Националната безбедност и сигурност на САД, па и на светот ставена на тацната на куќната помошничка на Хилари. Мизерија. Срам. Ова не е измислена афера од турските серии. Ова е дел од големата вистина на т.н. демократска логика на водење и раководење со светот. Оваа невидена леснотија на водење политика треба да ја чини Хилари многу повеќе од губење на претседателските избори. Овој пример покажува до каде може да оди политичката неодговорност и личната негрижа кон обврските доверени од нацијата. Оваа неодговорност е дел од оној поголеммозаик на шокантна негрижа кон обичните луѓе, кон човекот. Неодговорност за неколкуте стотина илјади загинати невини жртви, главно цивили, жени, деца во Африка, на Блискиот Исток… Неодговорност за ниту еден загинат цивил, војник. До каде ли уште се подготвени да одат демократскиве политичари?
Трамп има многу тешка задача. Треба да го затвори ова црно и грдо политичко поглавје на САД со конечно повикување на лична, политичка и кривична одговорност за преземените чекори на сите инволвирани американски политичари во светските масакри и војни. Затворањето на тоа поглавје ќе го отвори патот на новото поглавје поврзано со вистинскиот националенразвој, и изградба на американската држава на секој план, внесување нови инвестиции и свежи пари во американската економија, категории подзаборавени од претходните генерации политичари. Трамп вети „нов Трампов план“ за целосна обнова, и ревитализирање на американската држава и општество. Вети грижа за секој еден Американец, вети свртување на САД кон САД. Тоа е добра вест на која светот треба да гледа позитивно и конструктивно. Додека САД не си ја заврши својата домашна задача, да се врати на вистинскиот пат, таму каде што татковците-основачи сакаа да биде, Америка треба да заборави на позицијата светски полицаец што ја играше до сега. Треба да заборави на „демократската“ ролја да изиграва тетка што дошла неповикано на гости божем за шоља кафе, а всушност,зема се со себе, цел мираз сосе куќа. Новото американско време во политиката треба да донесе нови луѓе на клучните позиции во системот и во државата на кои првенствено ќе им биде грижа за тоа дали и колку нивната држава просперира внатрешно. Дали и колку американските граѓани се задоволни од националните проекти и планови на своите политичари. Дали и колку САД вистински се развива и доживува подем во секоја област. Бидејќи, на крајот на денот, демократијата почнува и завршува со економијата. Колку е посилна економијата, толку е посилна демократијата. Обратното што го нудеше Хилари е застарена политичка бајка која веќе никој не ја купува, ниту во САД, ниту во Република Македонија.Целта е да се лоцира главната поента која целиот политички свет треба да ја извлече како поука од овие избори. А таа е дека државите и нивните граѓ