Tрансексуалната убавица ја замрзнала својата сперма за да може да има бебе

Талула Ив Браун е родена како момче, но веќе има започнато со третман за преминување во жена, но како што таа вели, сака да има деца па дури и по цена да биде самохрана мајка…Талула Ив Браун има 21 година и е родена како момче по име Арон, но вели дека целото нејзино детство го поминала збунето и осамено.
На Талула и било дијагностицирано родова дисморфија и во 2014 година започнала со третман за преобразување на жена. Платила 800 фунти за зачувување на спермата за да може да има деца кои ќе бидат биолошки нејзини.
Таа изјавила дека е спремна да биде самохрана мајка доколку не ја најде љубовта на нејзиниот живот.
„Би сакала да сум во врска, но си докажав на самата себе си дека можам да функционирам и сама, па затоа ништо не ме сопира да израснам дете. Мојата мајка ме израсна без татко и беше совршена мајка. Таа е мојот пример и сигурна сум дека ќе можам. Родена сум да бидам силна и независна жена и секако…мајка“ – изјавила Талула.
Според Британскиот закон, полот останува ист освен ако не се аплицира за сертификат за полово признавање, за истиот да може да се смени легално.
За Талула секогаш знаеле дека е поинаква.

„Бидејќи бев родена како момче, никогаш не знаев како да се однесувам кон момчињата на моја возраст и секогаш имав притисок дека мора да ги следам тие стереотипни машки активности како спортот, но мене многу повеќе ме интересираше играњето со барбики и гардеробата на мојата мајка“ – изјавила Талула.
На возраст од 14 години застанала пред нејзините врсници како хомосексуалец и тој период почнала да експериментира со шминката но сеуште не се чувствувала удобно во својата кожа.
Но тоа престанало кога во 2006-та година прочитала еден артикал во весник за една учесничка во Големиот Брат по име Надиа Алмада која изјавила дека сакала промена на полот и да стане жена.
„Бидејќи ваква едукација во училиштата не постои, не знаев дека промената на полот со операција е возможна, но читајќи за Надиа нешто се случи со мене и повеќе не бев изгубен, туку се имаше смисла.

Додека да почнам да студирам на факултет, каде изучував терапија за убавина, одлучив дека секој ден ќе го живеам како горда девојка, бидејќи тоа и бев.“
Во 2014-та година присуствувала во Нотингемската клиника каде официјално и било дијагностицирана родовата дисморфија.
Таа веќе започнала со хормонската терапија и веќе планира да стави импланти на градите и операција за одстранување на Адамовото јаболко во текот на следната година. Планира да направи и ласерско отстранување на влакната.
„Главната работа што влијае на мојата самодоверба е Адамовото јаболко, па кога ја држам главата надоле, тоа не е толку очигледно.

Работам во семејниот ресторан и понекогаш се случува некое дете да ми го забележи Адамовото јаболко и веднаш ги прашува своите родители дали сум момче или девојче. Многу е непријатно кога нивните родители не знаат што да им одговорат. Многумина не сакаат нивните деца да се послужени од мене.
Мислам дека не треба луѓето да се дефинираат по кој пол тие се идентификуваат. Не е важно. Сите ние заслужуваме еднаков однос и почит.“
Талула изјавила дека во текот на годините многупати била цел на злоупотреба од страна на трансфобиците каде била вербално малтретирана и добивала заканувачки пораки.
Но тоа не ја спречило да оди со крената глава.
„Имаше времиња кога не сакав да излезам од дома, но не дозволував тие да влијаат на мене. Не сакав да се чувствувам како жртва бидејќи не бев јас таа која имаше проблем. Ако сум трансексуалец не значи дека сум помалку вредна личност.“
Нејзина следна мисија е да биде крунисана за победник на Британскиот напревар за Мис Трансексуална личност, прв натпревар од ваков тип во оваа земја.

Изјавила дека ако таа е победник на титулата, заедно со неколку трансексуалци, целосно ќе се посвети на работата со добротворните цели.
Исто така, таа сака да се справи со криминалот од омраза со поставување на работилници во затворите, едукација на луѓето за ЛГБТ прашања со надеж дека ќе предизвика разбирање и прифаќање во општеството.Талула Ив Браун има 21 година и е родена како момче по име Арон, но вели дека целото нејзино детство го поминала збунето и осамено.
На Талу

Пронајдете не на следниве мрежи: