Градежната компанијата „Трансмет“ против која Специјалното јавно обвинителство отвори предмет, во соопштение до јавноста вели дека работат секогаш професионално, морално и согласно законските регулативи, по што се препознатливи како симбол за квалитет.Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на Трансмет
Во изминатиот период нашата фирма беше на удар и мета на разни обвинувања, манипулации и невистини се со цел да се дискредитира и наруши репутацијата на фирма која повеќе од 25 години успешно работи на македонскиот пазар. Во досегашното работење на компанијата ТРАНСМЕТ, како и денес, работиме секогаш професионално, морално и согласно законските регулативи, по што и сме препознатливи како симбол за квалитет, компанија која чесно и макотрпно си ја заработила својата позиција на домашниот пазар, што не прави една од неколкуте компании во државата квалификувани за конкурирање на набавки кои се од капитално значење за државата.
Конкретно за случајот кој деновиве се актуелизира во јавноста и поради кој сме цел на обвинувања и нарушување на угледот, сметаме дека јавноста треба да биде информирана и запознаена дека станува збор за сериозна компанија која ги исполнува потребните критериуми за изведување на работи од таков вид.
Процесот на конкурирање од моментот на објавување на Огласот за јавна набавка е во целост транспарентен и поминува низ неколку фази на бодување, каде што единствено компании кои ги задоволиле бараните критериуми, се квалификувани да достават и своја понуда, запазувајќи го принципот на фер конкуренција.
Договорот кој ТРАНСМЕТ го доби како дел од Конзорциумот составен од три фирми подразбира распределба на работата и вредноста на тој договор помеѓу нив, така што не станува збор за прибавена имотна корист од 17 милиони евра од страна на Трансмет како што се презентира во јавноста, а притоа не се потенцира дека на овој проект ангажиран беше и повеќе од потребниот број на кадар и опрема во три смени, со исплатени плати и сите давачки кон државата, давачки за амортизација како и тековни трошоци кон добавувачите кои се индиректно инволвирани во работата.
Поради тоа за нас не е сфатливо како е можно да се доведе во прашање работата на една ваква сериозна компанија која пред се ја извршила работата навремено, квалитетно и согласно сите законски регулативи и барања од инвеститорот.
Очигледно е дека со ваквиот напад се сака да се добие погрешна слика во јавноста, нарушувајќи ја нашата чесност и углед, а притоа заборавајќи на социјалниот момент и заборавајќи на егзистенцијата на преку 1000 вработени и нивните семејства. Веруваме дека јавноста нема да ги затвори очите пред овие факти.Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на Трансмет
Во изминатиот период нашата фирма беше на удар и мета