Брачен пар од Полска починал на едно познато туристичко место во Португалија. Полската амбасада и амбасадата од Лисабон сега се грижат за нините 2 деца кои се на возраст од 5 и 6 години.Желбата да направат селфи фотографија чинеше живот за еден брачен пар од Полска, кои биле на одмор во Португалија. Додека позирале да направат селфи паднале од работ на познатото туристичко место Кабо да Рока.
Полскиот пар паднал од работ на карпата на висина од 80 метри која се наоѓа на западниот дел на Португалија, додека нивните деца биле сведоци на тоа трагично случување.
Обидот да се дојде до телата е откажан во саботата поради влошување на временските услови на Атланскиот океан. Португалските власти истражуваат, но се претпоставува дека парот се обидувал да направи селфи кога паднеле од карпата.
Операцијата да се стигне до телата продолжи во недела, и спасувачките служби успеаа да стигнат до телата на парот.
Децата моментално се во полииска амбасада каде за нив се грижат полски дипломати и моментално се многу истрауматизирани и се гледаат со психијатри.Желбата да направат селфи фотографија чинеше живот за еден брачен пар од Полска, кои биле на одмор во Португалија. Додека позирале да направат селф