17-годишна девојка од ирачкото малцинство Јазиди ги покажува рацете. По бегството од ИД, Јасмин била толку истрауматизирана што се полеала со бензин и се запалила за веќе да не биде привлечна. Две години подоцна, таа се уште е на терапија во Германија за физичките, но и за психолошките оштетувања.Јасмин се наоѓала во бегалски камп во Ирак, кога ги слушнала гласовите на припадниците на ИД пред нејзиниот шатор.
Преплашена дека повторно ќе биде силувана, 17-годишната Јасмин преземала очајна мерка: Се полеала со бензин и запалила кибрит. Оганот и ги изгорил лицето и косата, топејќи и ги носот, усните и ушите.
Неа ја нашол германскиот доктор Јан Илхан Кизилан во бегалски камп и во ужасна ментална состојба: постојано слушала гласови и мислела дека ИСИС доаѓаат по неа.
Јасмин сега има 18 години и е една од 1100 жени, повеќето од ирачкото малцинство Јазиди, кои поминале низ ваков пекол и се на психолошко лечење во Германија. Програмата на доктор Кизилан доби меѓународна медиумска покриеност, бидејќи е сконцентрирана на дејствување на клучниот проблем: И долго време по спасувањето, кај жените останува траума. Во бегалските кампови во Ирак, дури 60 жени се самоубиле.
Јасмин денес има деформирани раце и лице, и постојано гледа во подот. Но, се исправа и разведрува кога раскажува како докторот ја спасил.
Еве како изгледа пеколот низ кој минуваат жените таму:
На 3 август, 2014 година, борците на ИД ги убиле мажите во нејзиното родно место, и земале многу од жените, момчињата и девојчињата. Во моментов околу 3200 Јазиди се уште се заробени во Сирија. Тогаш, Јазиди заедницата побарала помош од политичарите во Берлин. Политичарот Винфред Кретшман се одзвал на апелот за помош: Одвоени се 95 милиони евра за 3 години, со цел да се префрлат во Берлин на жените злоставувани од ИСИС: Повеќето од нив се Јазиди, но меѓу нив има и христијанки и Шиитки.
Кизилан вели „Имам огромни познавања во областа на траумите, сум работел со пациенти од секаде, но вакво нешто немам видено: Ми дојде 8-годишно девојче и ми раскажа дека за 10 месеци ИД 8 пати ја продале и ја силувале 100 пати. Како може кај човештвото да има толку зло?“
„Нивниот глас ми одекнува во ушите“, вели Јасмин. Потоа слушнала експлозија во близина. „Не можев веќе да изджам. Морав да го направам тоа“.
Денес таа живее во скромен дом со родителите, сестрата и двајцата браќа, кои подоцна и се придружиле. Повеќето жени од програмата не сакаат да зборуваат за она што им се случило. Но, Јасмин е храбра: „Важно е да ги раскажеме нашите приказни за тоа да не се повтори“.
Освен долгорочната психотерапија, неа ја чекаат околу 15 операции. Сонува еден ден повторно да оди со исправена глава: „Сакам пак да бидам здрава и да започнеме нов живот со семејството“, вели Јасмин.Јасмин се наоѓала во бегалски камп во Ирак, кога ги слушнала гласовите на припадниците на ИД пред нејзиниот шатор.
Преплашена дека повторно