„ТРЧАЈТЕ КОН ШУМАТА И НЕ ВРТЕТЕ СЕ“: Се свртеле и виделе нешто што НЕ СМЕЕЛЕ да го видат!

Синот на Пети Ветерлинг, Џејкоб, наполни 37 години, но неговото семејство по 26. пат го прослави роденденот без него. Имено, толку години поминале од неговото исчезнување. Џејкоб имал само 11 години кога исчезнал без трага.Таа вечер, на 22 октомври 1989 година, Џејкоб којшто тогаш имал 11 години, неговиот брат Тревор кој имал само 10 и неговиот врсник и пријател Арон, во вечерните часови се враќале дома од локалната продавница.
На патот им се испречил маскиран и наоружан маж, кој им наредил да ги фрлат велосипедите, да легнат на под и да ги стават рацете на тилот.
Потоа ги прашал децата колку години имаат, а кога му одговориле, му наредил на Арон, а потоа и на Тревор да почнат да трчаат кон блиската шума. Им рекол да не се вртат, бидејќи ќе ги застрела.
Момчињата сепак се свртеле додека трчале кон шумата, но само за да видат дека наоружаниот маж го зграпчи Џејкоб за раката. Кога се свретеле и по втор пат, немало никаква трага од Џејкоб и маскираниот маж.
ФБИ и родителите направиле сѐ за да дознаат што му се случило на Џејкоб. Но, по скоро 27 години подоцна, судбината на ова момче останува нерешен случај.
По повод неговиот роденден, мајката на Џејкоб напишала писмо до изгубениот син, за чија судбина може само да се шпекулира.

„Родендените ги славиме со торти, пријатели, бакнежи и прегратки. Ништо од тоа, ниту оваа година. Колку би сакала да те гушнам вечерва“ – напишала мајката.
„Сакам да знаеш дека откако те украдоа од нас, луѓето те бараа, се молеа за тебе и се надеваа дека ќе се вратиш. Минатата есен, 26 години подоцна, твојата приказна беше втора на насловните страни, бидејќи луѓето и понатаму се грижат. Има повеќе добри луѓе на светот од оние лошите“ – продолжила таа.
„Она што ти го посакувам за роденден е да се вратиш дома. Ние мора да те пронајдеме. Имам уште една желба за твојот роденден. Би сакала ниту едно дете никогаш да не биде грабнато и сексуално злоставувано. Се надевам дека луѓето ќе се сетат на тебе и дека по ова писмо малку поцврсто ќе си ги гушнат децата, ќе пронајдат време за игра и читање приказни. Се надевам дека родителите чии деца се на сигурно, ќе им помогнат на оние кои не се. Ќе им помогнат на луѓето и институциите што се занимаваат со пронаоѓање на исчезнати деца.
И оваа година ќе запалиме свеќи, ќе ги подготвиме твоите омилени јадења. Ќе се собереме за твојот роденден. Те сакаме Џејкоб. И никогаш нема да престанеме да те бараме.
Твојата мајка.“Таа вечер, на 22 октомври 1989 година, Џејкоб којшто тогаш имал 11 години, неговиот брат Тревор кој имал само 10 и неговиот врсник и пријател Арон,

Пронајдете не на следниве мрежи: