Хакери наоѓаат безброј начини да дојдат до лични податоци и информации на корисниците. Но, едно нешто што сѐ уште не успеале да го пробијат е лепенката која многу луѓе поставуваат на веб камерата на својот лаптоп. Но, сепак се наметнува прашање од таа природа: „Треба ли воопшто да ставаме таква лепенка?“Интересно е дека не можеме да одговориме точно на ова прашање. Темата е многу интересна, но и тешка за дискусија.
Од една страна, штом хакерите можат да го пробијат заштитниот ѕид на една оддалечена машина, што ги запира да преземат контрола врз камерата и така да шпионираат некого додека прави кој знаешто пред компјутер?
Од друга страна, се наоѓаат агенциите за заштита како американската NSA (Национална агенција за безбедност) – тие цело време се обидуваат да ги убедат производителите да престанат да произведуваат производи кои не можат да бидат пробиени (такви со цврста енкрипција).
И ако мислите дека нема потреба да се стави лента на веб камерата, ви даваме уште еден пример – за време на предавање на универзитетот Кенион минатата недела, директорот на ФБИ Џејмс Коми, изрази желба луѓето сами да дозволат набљудување од страна на Владата во секојдневниот живот, со цел да бидат заштитени подобро.
Во истото ова предавање тој самиот призна дека става лента на личниот лаптоп … И зошто? Ви оставаме сами да си одговорите на ова прашање.
И пред да завршиме, ќе си дозволиме да поставиме уште едно прашање, на кое сме сигурни дека 99% од луѓето немаат одговор – ако поставувате лепенка на камерата на вашиот лаптоп, зошто не поставувате таква и на предната камера од својот паметен телефон?Интересно е дека не можеме да одговориме точно на ова прашање. Темата е многу интересна, но и тешка за дискусија.
Од една страна, штом хаке