Тешко им било во опозиција. Нервозни се зошто не успевале да ги наметнат своите ставови и политики. Требало да ги разбереме и да им се смилуваме. Сите ние, сите граѓани. Партиите требало да им попуштаат како на мали деца и да им отстапуваат секогаш кога тие тоа ќе го посакаат и по цена на загрозување на државните интереси, медиумите требало да прават специјални програми за нив и тоа без да ги прашуваат и без да ги анализираат нивните ставови, а уште помалку да ги критикуваат, граѓаните требало да разберат дека мора да гласаат за нив, така било правилно, така ги научиле од мали кога немаше вистински плурализам.Однесувањето на политичарите кога се на власт и кога се во опозиција, без разлика, е под постојано следење од граѓаните. Луѓето внимаваат на сѐ, на секој збор и на секоја постапка. Тие не гледаат само дали сте добар говорник, дали сте доволно добро поткован со знаење и дали сте динамичен. Тоа, секако им значи, но луѓето знаат да проценат и дали сте зрел за одговорноста што сте ја презеле или која сакате да ја преземете, дали имате капацитет и дали имате цврстина за да го издржите притисокот на оваа работа. За тоа чувство на граѓаните не им треба ниту посебно образование ниту посебен тренинг. Го гледаат и го знаат. Ако некој е во опозиција, тоа не му дава право да прави што сака, да зборува што сака и да се однесува како што сака, а притоа секогаш да се вади и оправдува со фактот дека е опозиција и дека не смее да биде анализиран, а камоли критикуван само поради тоа.
Има две работи што нашата опозиција, во ликот на СДСМ, успева не само да ги заборави, туку, за жал, изгледа воопшто ниту кога било ги знаела. Прво, дали сте во опозиција или не ако веќе сте добиле доверба да извршувате одредена државна работа, вие мора бар во клучните моменти и за клучните прашања најпрво и единствено да се грижите за националните интереси. За тоа нема и не смее да има компромис. Тоа граѓаните никогаш нема да го променат како очекување. Воопшто не е значајно дали биле разочарувани еднаш, два пати или повеќе, тие знаат дека одговорното однесување спрема државата е неопходниот минимум. Ниту еден политичар не може да се оправдува на неодговорност на некој пред него. Тоа не поминува бидејќи за тоа некој веќе добил заслужена казна и ќе ја добива секој следен без исклучок. Граѓаните и фирмите плаќаат данок, а од тој данок се финансира целокупното функционирање на државата (војска, полиција, здравство, образовани…), меѓу другото, и највисоките државни институции. Никој, на крајот на краиштата, не добива мандат за да застапува теснопартиски и строго лични интереси.
Партијата е само политичка платформа, која го дава правецот за дејствувањето на политичарите, а целта е доброто на граѓаните и државата. Kој не го разбира тоа нема што да бара во политика. Неговата епизода ќе биде или прекратка или исполнета со неуспеси. Второ што СДСМ упорно не го гледа и не го разбира е сопствената улога како опозиција во функционирањето на државните институции. Тие очигледно се навикнале да бидат власт и само власт. Предолго беа и ги разбирам, но не разбирам зошто сѐ уште не научија дека односите се променети на нивна штета. Опозицијата добива легитимитет од одреден број гласачи да биде коректор и контролор на власта. Само и само ако таа работа добро ја врши, тогаш може да се надева дека еден ден ќе добие поддршка од поширок круг гласачи за да ја извршува другата, поголема обврска, да биде управувач и власт. Ако една партија не ја бидува за опозиција, нема шанси да ја биде ниту за власт. А СДСМ на очиглед на целата јавност, па дури и на нејзините најсилни поддржувачи, не ја бидува за опозиција.
Ниту знаат како, ниту работат, ниту се трудат да научат од другите. Во поразвиените демократски држави опозицијата ја прифаќа својата улога и не бега од неа. Некој треба да следи сѐ и да се обидува да најде проблем и таму каде го нема, да критикува, анализира, истражува, исто онолку колку што треба да нуди свои алтернативни решенија и кадровски потенцијали. Ние во Македонија го немаме тоа. Имаме една партија која кон политиката се однесува како мало дете во продавница за играчки. Зема што сака, а фрла што не ѝ се допаѓа и тоа го повторува на секои пет минути со различна играчка. Веќе е досадно да повторуваме дека целата политичка матрица на СДСМ и на нејзиното раководство се состои од желба како да се остане на чело на таа партија и како за своите неуспеси да се обвини власта и сите други општествени фактори. Паметиме дека СДСМ во неколку наврати влезе во конфликт и со Македонската академија на науките и уметностите и со Народната банка, со Државниот завод за статистика, со Македонската православна црква, со неколку значајни мејнстрим-медиуми, редовно е во конфликт со синдикатите, редовно ги навредува коморите на стопанственици, влегува во конфликт со здруженијата на земјоделци, па дури и се надмудрува и инаети со меѓународни институции од калибарот на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд.
Сите не се во право и сите не чинат, освен раководството на СДСМ. Изгледа дека постои светски непринципиелен заговор против нив. Сите се опседнати со тоа како да не му дозволат на СДСМ да се добере до власта. Еве една едноставно, но логична дилема. Ако во раководството на оваа партија веруваат дека сите се против СДСМ или барем имаат причина да се спротивстават на некои нивни политички позиции, тогаш или се преценуваат и занесуваат или, пак, од друга страна, ако се во право, ептен не ги бидува, па мора сите да бидат на штрек за да не дозволат некој без капацитет и цврстина да биде поставен на позиции каде што се носат сериозни одлуки. Нека избираат која опција е вистинската, но нека избираат и нивните членови и поддржувачи и нека размислат два пати дали некој веќе предолго време си подигрува со едноставна логика и здрава интелигенција. СДСМ најави стратегија за свое дејствување, а видовме само нови измислени функции за луѓе што и до сега имаа високи функции си ги преименуваа. Најавуваа програма, а видовме памфлет без вистинска суштина и понуда.
Најавија 5.000 тимови за директен контакт со граѓаните, но не успеваме да видиме ниту еден каде било во државата, па макар и во Струмица и Kуманово. Kој им е крив за тоа? Kој им забранил или оневозможил бар самите да си стојат на зборот кој бил кажан? Зар некој од ВМРО ги пишува текстовите за изјави и прес-конференции во СДСМ, па успева да протне нереални опозициски ветувања кои не можат да бидат исполнети. Има ли некој во таа партија да се запраша како граѓаните треба да им веруваат кога тие ниту во опозиција не успеваат да се држат до зборот? Што би било ако ваков СДСМ дојде на власт? Ќе се држи ли до тоа што сега го зборува? Нема и не. Тоа е проблемот на политичкиот дијалог во Македонија.
Недостига сериозност, кредибилитет, суштина и одговорност на едната страна која има еднаква одговорност за спроведување на дијалогот бидејќи тој дијалог не треба да го правиме ниту за едната ниту за другата партија, туку за понатамошен развој на политичкиот систем на државата и подобар живот на граѓаните. Ако некој мисли дека дијалогот е начин како да се добере за себе или за своите најблиски луѓе до позиции и влијанија, тогаш се збунил и згрешил нешто во математиките. За тоа не се одлучува низ дијалог, туку на отворени избори, тогаш кога одлучуваат граѓаните.Однесувањето на политичарите кога се на власт и кога се во опозиција, без разлика, е под постојано следење од граѓаните. Луѓето внимаваат на сѐ, на