Финалето на Купот на Македонија треба да биде празник на фудбалот. Како да знаеа и дел од актерите што може да се случи, претседателите на двата клуба повикуваа на фер и коректно навивање неколку дена пред средбата, но, за жал, повторно се случи скандал.
Навивачите на Шкендија којзнае по кој пат скандираат навредливи слогани кон македонската држава, тоа им беше примарно и на вечерашното финале, кое, за жал, но од друга страна, апсолутно оправдано, е прекинато. Можеби треба ФФМ добро да размисли дали Шкендија, со вакви навивачи, треба да добие лиценца за да ја претставува Македонија на меѓународната сцена. Се сеќаваме што се случуваше и на мечот Шкендија – Партизан во Скопје, можеби треба сега да се пресече и да се стави крај. Финалето на Купот на Македонија треба да биде празник на фудбалот. Како да знаеа и дел од актерите што може да се случ