„Требаше да се омажам за љубовта на својот живот, а тој ме шутна еден час пред венчавката“

Синди од Торонто имала закажано совршена венчавка на Хаваите, се до моментот која нејзиниот верени  не ѝ соопштил  дека сепак не може да се ожени со неа. Но, тоа не е се- неговиот првобитен план бил тоа да ѝ го соопшти една од деверушите, што секако сите до една одбиле.Синди Мезонуев (30) стоела пред огледалото и гледала во својата венчаница чекајќи да се омажи за „љубовта на својот живот“, кога вереникот, чие име не сака да го открива, ѝ рекол дека сепак не може да се ожени со неа поради нивните различни ставиви за деца, бидејќи таа сакала да има деца, а тој не. Шест години по тој трауматичен ден, Синди изјавила дека тоа тешко искушение ѝ помогнало да стане личност каква што е денес.
Синди и нејзиниот поранешен вереник се запознале во 2007 година на  еден  бејзбол натпревар кога таа имала 23 години. Таа живеела во Торонто, а тој во Онтарио. Но, тоа не ги спречувало да ја одржуваат врската на далечина, како што вели, функционирала одлично.
„Тој беше атрактивен, паметен и многу мил“, рекла таа.
Шест месеци подоцна тој за време на нивниот годишен одмор на Хаваите го поставил  чуеното прашање дали сака да се омажи за него, потоа почанале да живеат заедно и да го планирааат големиот ден.
„Тој сакаше да учествува во се. Одлучивме да имаме венчавка на плажа, и тоа на Хаваите каде започна се. Не сакав да имаме голема семејна свадба, со оглед на тоа дека јас имав големо семејство, а тој не. Мислев дека тој ден  тогаш би бил премногу сокнцентриран на мене.

 
Освен што не била во совршени односи со нејзината сестра, Синди воопшто не била нервозна околу венчавката. Ден пред свадбата таа ѝ кажала на сопствената сестра дека се мажи за својот најдобар проијател. За жал, помалку од 24 часа, испаднало дека таа потполно погрешила.
Еден час пред нејзиниот татко да дојде по неа и да ја одведе до олтарот, нејзиниот вреник влегол во собата и и рекол: „Јас не можам да го сторам ова“.
„Всушност тој  не планирал да ми го каже лично, туку отишол во хотелската соба на моите деверици и барал од нив тиа да ми го соопшатат ова, што секако одбиле“.
Синди не му поставила никакви прашања, само побарала да оди
„Се чувствував осрамотено и понижено. И тоа најмногу поради начинот на кој што го стори тоа. Тој ги пакувал своите работи додека јас бев на фризер тоа утро“.
Таа изјавила дека следните 24 часа биле најбрутални. Имала поддршка од своите пријатели и тоа ѝ помгнало да остане прибрана. Останала уште неколку дена на Хаваите, пред да се врати во Канада. По враќањето се видела со поранешниот вереник кој ѝ рекол дека го следел своето чувство во стомакот, но ѝ предложил да бидат заедно, но не и да се венчаат
„Си реков: Тој мене дефинитивно ме зафркава“.
Сега после толку време и по смртта на татко ѝ, Синди гледа кон животот со други очи.

„Во мојот случај, со нив, сфатив која сум и што сакам од својот живот, каков партнер заслужувам. Сега, кога успеав во тоа и имам еден навистина прекрасен човек пред себе, но дефинитивно нема да прифатам просидба по шест месеци врска“, се нашалила.
„Тоа што се случи е далеку во минатото  и сега не боли ни половина како тогаш. ѝ раскажав на личноста со која моментално сум во врска  и денес тоа повеќе ми изгледа како една интересна анегдота. Дури можам и да се насмеам  на тоа. Времето ги лечи  сите работи и работите секогаш се случуваат со причина- тоа е најголемата лекција која ја научив од тоа“, додала Синди.Синди Мезонуев (30) стоела пред огледалото и гледала во својата венчаница чекајќи да се омажи за „љубовта на својот живот“, кога верени

Пронајдете не на следниве мрежи: